Фатен директор за примање мито од 50 000 евра

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.

„Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата“, соопштија од обвинителството.

Претходно, според неофицијални информации од истрагата, актуелен директор на државна институција е лишен од слобода под сомнение за примање мито. Станува збор за акција на службите за борба против организиран криминал при Бирото за јавна безбедност.

Неофицијално, се посочува дека приведен е директорот на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, кој бил фатен при барање и примање поткуп во износ од околу 50.000 евра. Тој директорува од јули 2024 година.

Засега нема официјална потврда за идентитетот на приведеното лице, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за изолиран случај или за поширока корупциска мрежа.

Од извори вклучени во акцијата неофицијално се брифира дека станува збор за дел од засилените активности за борба против корупцијата, со акцент на неселективно постапување.

Се очекуваат повеќе информации по завршување на акцијата.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците од „Р.Р Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп,  ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука. Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај)  па сè...

Дизелот поевтинува за 4 денари, а бензинот 98 ка, за половина денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за четири денари, а за половина денар поевтино ќе се продава бензинот БС-98 Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     85,00  (денари/литар) Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     86,50  (денари/литар) Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          ...

(ВИДЕО) Штетата е двојна-резултат нема, повторно се чистат дивите депонии во општина Прилеп

Екипите на Јавното комунално претпријатие Комуналец , спроведоа активности за чистење на диви депонии низ градот со цел да се подобри хигиената и да се заштити животната  средина.„Денеска екипите чистеа на потегот од градот кон вештачкото езеро, а оваа локација во изминатиот период е чистена повеќе пати “, вели директорот...