Доделени вредносни ваучари за најдобрите маски на „Прочка 2026“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска Општина Прилеп, како организатор на карневалот „Прочка 2026“, во знак на благоданост им додели вредносни ваучари за патување на учеснците на карневалот. Со овие средства организаторот очекува прилепските маски да ги искористат за учество на карневали во нашата држава, но и надвор од неа, “бидејќи, преку нив го промовираме Прилеп и неговите традиционални вредности.“, рече градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Изразувам благодарност до учениците од основните и средните училишта и на сите карневалски групи кои беа дел од карневалското дефиле, кои со своите маски и кратаивност го збогатија карневалот и му дадоа посебен сјај и белег и оваа година придонесоа достоинствено да го одбележиме јубилејното издание 25 години од карневалот „Прочка“,„ истакна  Проданоски.

Година на карневалот “Прочка 2026„ учестуваа над 1000 учесници, групни и поединачни маски, од Прилеп и од останатите градови од Македонија, но карневалски групи од други земји.

За карневалот и карневалските случување,  оваа година Општина предвие буџет од милион денари, и како што истакна градоначалникот таа рамка била испочитувана во целост, “иако, станува збор за еден голем настан кои изискува повеќе средства.“, рече тој.

Но, најважно е што карневалот добива друга димензија. Тој е веќе туристичка атракција и ние сакаме да продолжиме да се движиме во тој правец, да го збогатиме и да се разве во правецот на туризмот и привлекување на што поголем број посетители, не само од нашата, туку и од другите држави“ посочи граодоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...