Дочек на Новата 2025-та година на Плоштадот „Александрија“ во Прилеп!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

За највеселата ноќ Општина Прилеп организира заеднички дочек на Новата година со програма прилагодена за најмладите и за возрасните.

На 31 декември 2024 година уживајте во незаборавна музичка програма со: • Cyrillic, најпознатото DJ дуо во Македонија, кое ќе го загрее новогодишниот дух со неверојатна енергија и хитови! • Балканика Бенд и маестралниот вокал на Сашо Башески, кои ќе го донесат магичниот звук на Балканот директно на нашата сцена! Детска програма: За најмалите, забавата започнува уште напладне! На Камената Бина, во 12:00 часот, ќе се одржи фестивалот „Весели Ѕвончиња by Jana“ – вистинско уживање за децата и нивните семејства!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...

(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината....

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година. „Спортот ги учи младите на...