Дисциплинска постапка за лекарите од прилепската болница кои ги испуштиле починатите бебиња близначиња од с.Славје

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Држанвиот здравствен иснпекторат бара дисциплинска постапка за лекаритекои од прилепската болница кои ги испуштиле починатите бебиња близначиња од с.Славје

Докторите во прилепската болница згрешиле кога ги испишале близначињата кои подоцна починаа премрзнати – без да го информираат Меѓуопштинскиот центарот за социјални работи – Прилеп. Ова е заклучокот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој ќе бара дисциплинска одговорност кај здравствените работници што ги лекувале и испишале близначињата. Инспекторатот констатирал дека кога  мајката со потпис, на свое барање заминала од болницата со новороденчињата предвреме родени на 30 декември и со мала тежина, а болницата не го известила Центарот за социјални работи.

Две новороденчиња, близначиња, машко и девојче, стари 14 дена  починале на 16 јануари поради премерзнување

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Деветтото издание на филмскиот фестивал Winter apricots започнува утре

Од утре до 8 февруари во Прилеп, ќе се одржи деветтото издание на Интернационалниот филмски фестивал Winter apricots. Воведен настан на фестивалот е денешната промоција на книгата „Авторските политики во филмските адаптации“ од Ана Опачиќ, што ќе се случи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ од  18.00 часот. Утре пак,...

Мартин Ристески: Спортувајте што било, затоа што спортот е здравје(ВИДЕО)

Пингпонгарот Мартин Ристески, сосема заслужено и оправдано се најде на листата на петте млади од нашиот избор за 13 величествени.  Љубовта кон пингпонгот се развила благодарение на неговиот татко кој исто така се занимавал со пингпонг. Тој минатата година стана првак на Македонија во категоријата кадети  и е  репрезентативец на...

Идната недела вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за инфраструктурни проект

Следната недела, ќе биде објавен и вториот повик за финансиска поддршка на општините, со кој ќе се поддржат капитални инфраструктурни проекти во износ до 15 милијарди денари, информират од Министерство за локална самоуправа ,тврдејќи дека со оваа помош значително ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните....