Деспина од кај вардарки се вратија со висок пораз со разлика од 21 гол

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Женската лига, вардарки лесно на свој терен ја победија Деспина со 39-18. Со тоа ракометарките на Вардар прославија уште една лесна победа ,а Деспина поразена се врати во Прилеп

И овој како и многу натпревари од Женската лига беше решен уште во првото полувреме, кога домашните направија солидна залиха од 17-9.  Во вториот дел уште повеќе беше надигран противникот за на крајот победата да биде со 21 погодок.

Во составот на Деспина по пет гола постигнаа  Сања Цветкоска и Анастасија Јованоска, а најдобри стрелци во победничкиот тим беа Леона Миленкоска со осум, додека по шест погодоци имаа Сара Богојеска и Јана Поповска.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ФФМ: за ФК Победа забрана за присуство на публика на 4 домашни натпревари

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика.

И репрезентацијата на Шведска ќе тренира на стадионот од ФК Големо Коњари

По младинската фудбалска репрезентација на Ерменија до 21 година (У 21) која неодамна одржа тренинг на стадионот од ФК Големо Коњари, и репрезентацијата на Шведска У21 ќе го користи теренот и просториите на овој второлигаш. Стадионот кој што е во одлична состојба,  според најавата од управата на клубот, вторник, од...

Ново спортско игралиште во ООУ Рампо Левката Прилеп

Дворот на ООУ „Рампо Левката“ е збогатен со уште еден простор за спортски активности на децата. Денеска беше промовирано и пуштано во употреба ново, современо игралиште за баскет, со тартан подлога и ново осветлување. Градоначалникот Дејан Проданоски посочи дека инвестицијата е од Општина Прилеп.