Денеска во Зрновци се одржа урбано-ридскиот крос „Младите трчаат“ во чест на Васе Ангелов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Околу 150 натпреварувачи од сите возрасни групи, денеска, учествуваа на четвртиот традиционален урбано-ридски крос „Младите трчаат“ во чест на прерано починатиот жител на општина Зрновци, Васе Ангелов.

Се трчаше на патека долга 2,5 километри, од мултинаменското спортско игралиште на влезот во Зрновци, потоа низ улиците во општината, при што крајната цел беше повторно игралиштето што го носи името на  Васе Ангелов.

Настанот беше во организација на општина Зрновци и Локалниот младински совет.

Заклучокот на градоначалникот Борчо Коцев и на претседателот на Локалниот младински совет, Ѓорги Саканарски е дека натпреварувачите успешно ја истрчале патеката и ја остварија заложбата на Локалната самоуправа на Зрновци за традиционално одржување на спортскиот настан.

Денес општина Зрновци и Локалниот младински совет по четврти пат традиционално го одржа урбано-ридскиот крос „Младите трчаат“. 

Имаше пријавен околу 150 учесници, а  настанот веќе добива регионален карактер со оглед на тоа што имаме учесници и од соседните општини Кочани, Виница и од Чешиново – Облешево.

Поддршка во организацијата  добивме  и од Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ – Кочани, Црвениот крст, МВР и Општата болница од Кочани.

Ние како Локална самоупрва и понатаму ќе продолжиме да ја негуваме оваа прекрасна традиција, истакна градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев.

 

 Трката помина одлично без никакви проблеми, а ние како Локален младински совет се залагаме за понатмошна релизација на вакви активности, исткана Ѓорги Саканарски, претседател на Локалниот младински совет.

 

На победниците на трката им беа додели медали и дипломи, додека на поддржувачите на настанот благодарници за поддршката во реализација на спортскиот настан.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари…

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани

„Туран“ излета од патот кај Уларци, тешко повредено малолетно девојче

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди