Ден на македонската револуционерна борба

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Во земјава денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Кулминација на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу, учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, почнал процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

По повод Денот на македонската револуционерна борба, во НУ Македонски народен театар ќе се одржи свечена академија „Од идеја до држава“, на која обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски.

Собраниска делегација, пак, составена од пратениците Катерина Димитровска и Малиша Станковиќ, ќе положи цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“ во Скопје, а во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија напладне, во 12:00 часот, ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година – за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.

За остварување во областа на културата и уметноста наградата ќе им се додели на Гоце Тодоровски, актер, Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни, Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар, како и на академик Божин Павловски, писател.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Саем на книгата во кочанската библиотека по 19 – ти пат

Од 10 до 15 овој месец, ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани ќе  го реализира 19. Саем на книгата, на кој ќе учествуваат повеќе издавачки куќи од Републиката. На овој настан од културата, планирано е претставување на роднокрајниот автор, Благоја Стојков, зад кого стои издавачката куќа „Антолог“. Саемот ќе се одржи во просториите на кочанската библиотека

Средношколци од Кочани во трката за 1.000.000 денари – да ги поддржиме младите иноватори

Никита Митевски, Мите Атанасов, Даниел Јанев, Даме Јаневски и Матеј Стоиловски се средношколците од нашиот град кои со нивната идеја Linkify се натпреваруваат за 1.000.000 денари во рамки на нацоналниот натпревар „Средношколец милионер“ во организација на Brainster Next College и NU академиите за талентирани средношколци. Нивната идеја е една од 53 селектирани бизнис идеи кои

ТОТАЛНА РАСПРОДАЖБА ВО „РИВЕР СОФТ“ – КОЧАНИ

Од 6-ти до 15-ти ноември – Тотална распродажба во салонот на „Ривер Софт“ кај поштата во Кочани. Одберете парче модерна технологија, со екстра квалитет и најниски цени на пазарот. Побрзајте – количините се ограничени! „РИВЕР СОФТ“