Даријан Павлен – Спортист на годината за 2025 година – Извршен изборот на најдобрите спортисти за минатата година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани и Асоцијацијата на новинари од Кочани го реализираа изборот на најдобрите спортисти за изминатата година.

За Спортист на годината за 2025 година е избран Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб „Спартак“.

Второпласиран е Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а на третото место се најде каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“.

Во категоријата Млади надежни спортисти беа избрани сите предложени кандидати.

За Најдобра екипа е избрана ЖФК „Кочани“, додека Игор Каров, тренер на Карате клубот „Кочани“, е избран за Најдобар тренер.

За Најдобар спортски работник е избран Оливер Јовановски.

Специјална постхумна награда ќе му биде доделена на Андреј Лазаров од Оризари, фудбалер, кој животот го загуби минатата година во пожарот во „Пулс“.

Свеченото доделување на признанијата во рамки на манифестацијата „Спортист на годината“ ќе го организира ОФС – Кочани, а за датумот и местото јавноста ќе биде дополнително информирана.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Промоција на „Сите бои на виножитото“ – книга посветена на Киро Герасимов

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани  попладнево ќе биде промовирана книгата „Сите бои на виножитото“ посветена на Киро Герасимов – новинар, публицист, хроничар кому во епицентарот на сето она што го работел му е Кочани, луѓето од градот, занаетите, театарот, Доклевец (маалото во кое живееше)… Автори на оваа публикација се Славица Цветкова, роднокрајна писателка и внуката

БОБО ДООЕЛ – Вработуваме дистрибутери…

БОБО ДООЕЛ Кочани, Регионален застапник за Источна Македонија за програмата на Бучен Козјак и Здравје Радово има потреба од  дистрибутери со Б возачка категорија . За подетални информации на телефон: 078213917