Дали Кочани ќе остане без традиционалниот панѓур – КЈП „Водовод“ остана без директор

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Неизвесно е дали овогодинешниот традиционален Кочански панаѓур ќе се одржи во планираниот период од 6 до 9 ноември. Причината е неуспешното спроведување на две јавни наддавања за организатор, на кои се пријавила само една фирма што понудила пониска цена од предвидената.

Поради тоа, останува неизвесно дали воопшто ќе се реализира настанот што секоја година привлекува голем број посетители и трговци од целата околина.

Во меѓувреме, КЈП „Водовод“ остана без директор, бидејќи истече шестмесечниот мандат на досегашниот вршител на должност, Мирче Паунов.

Ситуацијата е дополнително комплицирана затоа што Општина Кочани во моментов нема градоначалник, поради одржувањето на локалните избори, па нема институција со надлежност да назначи нов вршител на должност директор на претпријатието.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Измамена кочанчанка од две жени кои растурале магија

На 06.12.2025 во 17:00 часот во ОВР Кочани, 62-годишна жена пријавила дека била измамена од две женски лица. Според пријавеното, во двор од семејната куќа во кочанско село, дошле две жени и на оштетената и рекле дека и е направена магија, а за да и помогнат и побарале накит и пари. Откако им дала пари

Соопштение од ЗГ „16-ти март 2025 Кочани“

 Во последните денови во нашиот град – Кочани се појавија шпекулации дека Новогодишната прослава и празничното украсување на градот ќе бидат откажани и сведени на минимум, поради наводни барања од нашите семејства – родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „ПУЛС“. Со ова соопштение сакаме јавно и искрено да појасниме дека таквите тврдења НЕ СЕ

Претставници на здружението „16-ти Март 2025 Кочани“ се сретнаа со амбасадорот на Бугарија во Македонија, Желјазко Радуков

Претставници на Здружението нa граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ вчера се сретнале со амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Желјазко Радуков, јавуваат од самото здружение, пренесува Трибуна На средбата беа претставени клучните информации и тековните предизвици поврзани со судската постапка, како и потребата од транспарентно постапување на надлежните институции. Амбасадорот Радуков изрази искрено сочувство и