Во Прогресив Академијата на „Винчини“ денеска интерактивна работилница со д-р Белевска

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во просториите на Прогресив Академијата на „Винчини“ во Виница денеска  ќе се одржи работлиница на тема „Простор за болка, пат кон обнова“ во организација на „Ротари Феникс центарот“ на Ротари клубот „Кочани – Виница“.

Работилницата има за цел да создаде безбеден и поддржувачки простор за психолошка рехабилитација по кризни и трауматски настани во заедницата.

Под водство на д-р Дијана Белевска и тим на психолози, учесниците ќе имаат можност да разберат како умот и телото реагираат на стрес и траума, да научат практични техники за справување со емоции и анксиозност, да направат чекор кон внатрешна стабилност и обновување, најавуваат организаторите.

Настанот вклучува и холистички пристап – со музикотерапија, медитација и јога.

Целта е да се поттикне чувство на заедништво, разбирање и постепено враќање кон себе.

Работилницата има интерактивен карактер, почетокот на настанот е закажан за 17 часот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

АДИНГ – Компанија со 57 годишна традиција во градежништвото

АДИНГ –  македонска компанија за градежни материјали со 55 годишна традиција, побарајте ги во Градежен центар – КУЗЕ 2000 Кочани! Се на едно место од докажано најквалитетниот бренд на пазарот и тоа: – СТИРОКОЛ – најквалитетните лепила за стиропор – ХИДРОФАС и АДИНГФАС – најтрајните фасадни абриби – ХИДРОКОЛ –  најсилните лепила за керамика на