Целосно изгаснат пожарот на депонијата Алинци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Нема повеќе пожар на депонијата во Алинци. По тридневни акции на прилепските пожарникари екипи од јавните претпријатија, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за заштита и спасување, општествено одговорни компании,  совладан е огнот за кој се стравуваше дека ќе се прошири врз останиот дел од депонијата.

„Покрај големиот број луѓе, компаниите на располагање ја ставија и својата градежна механизација, цистерни и транспортни возила, додека Територијалната противпожарна единица повторно покажа висок професионализам и подготвеност за најголеми ризици,“ посочуваат од ЈКП Комуналец.

Зачестеноста од појавувањето на пожари на градската депонија наведува дека  единствено трајно решение  е регионалното депонирање на отпад, систем кој што предвидува претходна селекција на отпад и соодветни инсталации за управување со отпад.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Директорот барал 100 000 евра, добил прва рата од 50 000 и затвор!

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев побарал мито од 100.000 евра за да му дозволи на увозник да внесе во Македонија производи за кои има забрана за влез и кои не се во согласност со македонските прописи. Синоќа, полицијата го уапси информираат од Министерството за внатрешни работи: „На...

Пожар пеплоса 4 мотоцикли пред магацин во Прилеп

Синоќа, на паркинг пред магацин од фирма во Прилеп изгореле 4 мотоцикли сопственост на фирмата. Прилепските пожарникари го изгаснале пожарот, настаната е голема материјална штета, информираат од СВР Битола:

Фатен директор за примање мито од 50 000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека во тек е координирана акција со Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. „Под координација на јавен обвинител на ОЈО ГОКК во тек е акција на МВР поради основано сомневање за сторени...