На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани.
Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Лицето В.И. (56) од с.Мојанци кој го пријавил пожарот, додека бил на своето работно место како чувар и при обид да го изгаси пожарот со ПП апарат со помош на двајца соселани, тројцата вдишале чад, при што од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош.
За настанот биле известени јавен обвинител и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани.
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









