На 31.01.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 17- годишен малолетник од Прилеп, 15-годишен малолетник од с.Бела Црква и М.З.(21) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава во 19.30 часот од Р.Ш.(50) од с.Бела Црква, прилепско, кој пријавил дека на ул.„Кузман Јосифоски” во Прилеп од неговиот малолетен син со...
Во катната гаража кај стара автобуска станица, во центарот на Прилеп, утре, недела (02.02.2025) од 11 часот ќе се одржи ХУМАНИТАРЕН СОБИР СО АВТОМОБИЛИ. Средствата од влезниците по цена од 300 денари ќе бидат наменети за помош при лекувањето на прилепчанецот Виктор Николоски. Настанот е поддржан од Авто Контрол -Станица...
Градоначалникот Борче Јовчески по враќањето од работната посета во Австрија денеска на теренски увид на состојбата со депонијата кај Алинци каде изминатите денови имаше пожар. Во справувањето со опожарената депонија деновиве се вклучија јавни претпријатија, компании и граѓани, така што Јовчески на социјалните мрежи уверува дека жариштето е намелено и...
Здружението „Центар за развој и едукација“-Прилеп заедно со претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, директорот на Центар за социјална работа од Прилеп и градоначалници од општините Кривогаштани, Градско, Прилеп и Долнени остварија студиска посета во Република Австрија каде што се запознаа со иновативни пристапи и добри практики...
Караванот на Витаминка кој што учи на другарство, емпатија и почит од февруари продолжува да ги посетува предучилишните установи низ целата држава. Пренесувањето на најважните социјални и општествени вредности се причината за големиот интерес кај образовните и педагошките кадри и кај родителите и барањето за продолжување и проширување на едукацијата....
Прилепската компанија Авто Контрол Станица за технички преглед со уште една донација за добробит на заедницата. Овој пат за потребите на Детското одделение во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп Авто Контрол донираше лап топ за подобрување и олеснување на работата на медицинскиот персонал.
Синоќа, во градската библиотека „Борка Таслески“ во Прилеп, се одржа промоција на книгата „Вонбилансна евиденција“ од авторот Вангел Божиновски. Божиновски Вангел Божиноски е архитект, сценограф, новинар, историчар и архитектонски критичар, меѓународен туристички водич и колумнист. Книгата содржи објавувани текстови во периодот 1984-2024 година. Содржините се објавувани како колумни во печатени...
Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп одбележa 80 години од настава на македонски јазик, формирање на наставнички совет и од првиот училиштен час.Учениците прв пат во учениците влегле на 1. феврари 1935. година. Денеска Гимназијата „Мирче Ацев“- Прилеп е една од најрепектираните образовни институции и една од најреномираните средно – образовни училишни...
61 – годишен маж од Прилеп бил измамен од едно лице за сума од 175.000 денари. Тој контактирал со лицето кое го довело до заблуда дека ќе инвестира во криптовалути. Тој, од тоа лице бил наведен на неговиот мобилен телефон да инсталира мобилна апликација, која наводно ќе му служи за...
Прилепчанката Агрипина Цакоска, дипломиран физиотерапевт рехабилитатор (Тракиски Универзитет во Стара Загора, Бугарија) и натурализираниот скопјанец, кој живее и работи во Македонија Мехмед Бирџан со сертификати и дипломи од 21 различна техника и дисциплина работат заедно, тимски на полето на алтернативната медицина. Програмата во живо „Радио што се гледа“ денеска се...
Во организација на Општина Прилеп,в сабота ( 01.02 2025) 12, оо часот ќе се одржи, денска , хуманитарна забава за собирање средства за младиот 26 годишен прилепчанец, Виктор Николоски, на платото кај Градскиот саат. За забавата ќе се погрижи LockDown Band, а благодарение на Прилепска пиварница / Prilep Brewery ќе...