Зголемен број измамници на социјалните мрежи – граѓаните да не споделуваат лични податоци со непознати лица

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

61 – годишен маж од Прилеп бил измамен од едно лице за сума од 175.000 денари. Тој контактирал со лицето кое го довело до заблуда дека ќе инвестира во криптовалути. Тој, од тоа лице бил наведен на неговиот мобилен телефон да инсталира мобилна апликација, која наводно ќе му служи за купување на криптовалути. За таоа цел тој добива кредит од финансиско друштво, кој бил пуштени на  трансакциска сметка, а лицето изманиk, ги повлекло парите. Ова е само еден пример кој го објави СВ Битола денска укажувајќи на опасноста од вавките измени .

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола во изминатиот период забележа зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути или услуги за посредување при остварување на право на наследство од друга држава. Овие лица користат лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите“  – СВР Битола ги известува граѓаните и правните субјекти.

По воспоставувањето контакт преку социјалните мрежи, измамниците комуницираат со жртвите преку телефонски повици, користејќи VOIP броеви, кои обично изгледаат како локални броеви, за жртвите да стекнат доверба. Во текот на разговорот, тие ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап, под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување.

Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство и ги префрлаат парите од банкарските сметки, со што им предизвикуваат значителни финансиски штети,се вели во апелот на СВР Битола

Во континуитет се присутни и таканаречените „Phishing“ измами,велат од полицијата.

Функционираат на тој начин што до граѓаните се праќаат пораки од модифициран меил или лажиран локален телефонски број, во кои најчесто стои URL линк, кој води до веб страна што е дизајнирана да изгледа како легитимна веб страна на пошта, некоја државна институција или правен субјект, при што од граѓаните и правните субјекти по разни основи се бара да внесат податоци од платежни картички, сметки и други лични податоци кои потоа се злоупотребени на најразлични начини,велат од полиција .

Со цел заштита на граѓаните и правните субјекти, во насока на информирање за постоечките ризици и спречување тие да станат жртви на ваквите интернет измами, СВР Битола апелира граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа од нив се бара, како и да не инсталираат софтвери за далечински пристап на барање на непознати лица. Исто така, да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, а правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер, согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, а доколку постои случај во кој се компромитирани лични податоци или податоци од платежна картичка, или се сомневаат во било каква измама, за истото веднаш да ја известат банката која ја издала платежната картичка, а случајот да го пријават во најблиската полициска станица.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...

Започна електронското пријавување за упис во средните училишта

Во Македонија почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година на располагање се над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта. Според објавата на Министерството за образование и наука, најмногу слободни места има во стручното образование – повеќе од 17.000. Речиси 6.000...

МТФ „Војдан Чернодрински“: Пет награди за претставата „ЦРНИЛА“ на прилепскиот театар

Познати добитниците на наградите од 60-тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Со најголем број награди, вкупно 5, се закити прилепскиот театар НТ „Војдан Чернодрински“: Награда за костимографија – Марија Пупучевска; Награда за сценографија – Валентин Светозарев; Награда за млада актерка – Сара Спиркоска; Награда за главна машка улога...