Не е оглас за работа во државно…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 43 романи

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 43 романи. Жири-комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка

Денеска, 20 јануари, верниците го прославуваат Свети Јован Крстител

Денеска, 20 јануари, Македонската православна црква и верниците го прославуваат Свети Јован Крстител, последниот голем пророк, кој не само што го објави, туку и го виде очекуваниот месија. Свети Јован е една од најголемите слави во државата, а како и за секоја прослава, домаќинките ширум земјата внимателно ја подготвуваат трпезата. А каква ќе биде мрсна

Виница: Ангел Ангелов го извади Светиот Крст од Градечка Река

Ангел Ангелов го извади крстот од Градечка Река.   Славејќи го Христовото крштевање ја славиме верата и животот во вера. Со осветување на водите ја укажуваме вековната традиција на зацврстување на верата, но и на меѓусебното почитување и разбирање, толеранција и единство. Светиот Крст да донесе здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба во сите домови.

Во Кочани денеска беше осветен новиот параклис посветен на свети Јован Крстител

Во Кочани, денеска беше осветен новиот параклис посветен на Свети Јован Крстител. Осветувањето, кое се одржа во присуство на голем број верници, е во пресрет на утрешниот празник, посветен на овој светец. Параклисот е сместен на паркингот во близина на новиот комплекс згради зад поштата во Кочани. Ктитор на црквичката е стопанственикот Ѓорги Горгиевски и

18 годишниот Андреј Ангелов го фати Светиот Крст во водите на Зрновска Река

Помеѓу 15 пријавени момчиња, 18 годишниот Андреј Ангелов беше најбрз во Зрновци и го фати Светиот Крст во водите на Зрновска Река. Тој доби 15.000 денари од Општина Зрновци, како и 15.000 од фармацевската компанија „Зегин“. Чинот на потопување го изврши свештеникот Лазар Коцев. Бог се јави, навистина се јави! За многу години Богојавление-Водици, среќна

ВОДИЦИ ВО КОЧАНИ: ЧЕСНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 38-ГОДИШНИОТ ГОРАН ЗАШОВ…

38-годишниот Горан Зашов од Кочани, успеа меѓу 40-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на Кочанска Река, по повод празникот Богојавление-Водици. Тој има скокано повеќе пати, а во 2022 година за прв пат го има фатено крстот. Најсреќниот Зашов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со

Жена тепана од двајца мажи во Кочани

Вчера околу 19:00 часот, 30-годишна жена од Кочани била физички нападната во својот семеен дом од лицата С.С. и Л.С. Жената пријавила дека напаѓачите ѝ нанеле телесни повреди. Полицијата од полициската станица Кочани веднаш ја примила пријавата и презела мерки за расчистување на случајот.

Зрновци – Во 10:30 часот традиционалното потопување на Светиот Крст во водите на река Зрновка….

По повод Христијанскиот православен празник Богојавление-Водици утре на 19.01.2025 година, со почеток во 08:00 часот во Храмот „Св. вмч. Димитрија“- Зрновци од страна на Отец Лазар Коцев ќе се одржи божествена литургија, по која во 10:30 часот ќе се одржи традиционалното чествување на празникот со потопување на Светиот Крст во водите на река Зрновка.

Кочанските основни и средни училишта – подготвени ќе го почнат второто полугодие од учебната 2024-2025 година

По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците, в понеделник, 20 јануари се враќаат во училишните клупи за да го продолжат второто полугодие од учебната 2024-2025година. Кочанските училишта во текот на одморот ја направија потребната дезинфекција и дератизација во училниците, холовите и спортските сали. Учениците во средното образование, односно учениците од завршните години на средното образование

Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Кочани – Виница

Од 13:30 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Кочани – Виница, кај хотел „Филипов“. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правци поради сообраќајна несреќа. Од МВР информираа дека во несреќата нема загинати или повредени. Причинета е материјална штета.

Пакети храна за жители од селото Полаки

  Поради високата снежна покривка на Осоговските Планини, шестмина жители на Полаки останале завеани во своите домови во месноста Рамно Брдо, на 20 км од Кочани.   По пријавата дека останале без храна, Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст, а во соработка со Територијалната противпожарна единица – Кочани и со Центарот