Амфенол вработува Сетери – КЕ DataWiring

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

ОГЛАС

 

Моментално имаме потреба од 3 (три) ново вработени лица за работно место

 

Сетер КЕ DataWiring

 

Одговорности и задачи:

Поправка и одржување на машините во производсво
Инсталација на нови машини и опрема (доколку има потреба)
Користење на техничка документација за опремата и водење на грижа за истата
Извршување на превентивни активности и проверка дали истите се направени
Ефикасна и фер соработка со останатите сектори
Задолжителна тимска работа
Да се обезбеди бараната функционалност на опремата
Примање и пренесување нови знаења, за себе и за ново вработените
Да ги подесува/ монтира, демонтира и прилагодува машините за преработка и проверка на кабли за автомобилска индустрија : операции како што се кримпирање, свиткување, тестирање, изработка на попречен пресек на кримп во лабораторија
Да врши нивна проверка и тестирање според однапред определени и упатства
Да учи и стекнува перманентно нови знаења за работното место и производниот процес заради остварување на дневните цели и врвен квалитет

 

Потребни квалификации:

Способност да ги следат и почитуваат процедурите и работните упатства
Читање / Пишување / Сметање / Разговор и комуникација / Среденост и уредност
Внимание и концентрација кон детали во брза и динамична работна средина
Способност за концентрација и повторно извршување на истата задача постојано
Способност за запазување на промени при повторувачки процеси
Запазување разлики во големината и обликот на линии или предмети
Прецизно следење на инструкциите и точно работење
Да донесуваат одлуки врз основа на стандарди кои се претходно проверени
Да можат да работат под временски притисок и да прифаќаат работа во три смени
Висок степен на координација и работење со рака / око при употребата на различните алатки и мерни инструменти кои се неопходни во процесот на подесување

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 24.11.2025 година по електронски пат на следнава адреса: job@amphenol.mk или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Сетер – КЕ

Напомена:

Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на

Со марш до Свиланово оддадена почит кон Никола Карев

Патриотскиот институти од Кочани и Чешиново-Облешево, заедно со ОК – ти на ВМРО – ДПМНЕ од двете општини денеска  со достоинствен марш од манастирот “Св. Атанасиј Велики” во с. Спанчево до Свиланово, оддадоа почит кон делото и жртвата на Никола Карев – претседател на Крушевската Република. Во присуство на голем број граѓани, членови и симпатизери,

„Макпрогрес“ дел од „Зелен Чекор 2026“: Над 1000 волонтери за почиста Виница

Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница. Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина. Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности