Во тек е постапката за избор на економски оператор што ќе работи на пополнување на ударните дупки на сообраќајниците на подрачјето на Општина Кочани. Утре ќе се отвораат пристигнатите понуди, па бидејќи не е предвидена е-аукција, се очекува договорот за крпење ударни дупки набргу да започне да се реализира. Долг е списокот на улиците евидентирани
Во Кочани, во рамките на проектот ,,Пристап заснован на Виртуелна Реалност во справување со предизвикот на социјална инклузија на ранливите групи “ Акроним: ВР Инклузија организиран од страна на ЗР „АВЕНА“ – Кочани и СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани се одржа дисеминационен настан. Проектот е финансиран од Еразмус плус програмата во период од 01.11.2023 до
Почина 23-годишниот Кристијан Сребреновски за кого се собираа средства за лекување. Момчето од Кочани се бореше за живот во болница во Ријека Хрватска, откако му беше дијагностициран карцином на тестис со метастази во глава. За краток период беа извршени три операции. Од едно „ме боли глава“ Кристијан заврши на итна операција. Тогаш лекарите ја кажаа
Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Горан Минчев, денеска ги повика граѓаните на Кочани – членови и симпатизери на неговата партија на претстојните Локални избори што ќе се одржат на 19 октомври да ја подржат листата под реден број 2 со кандидати за советници на ЗНАМ чиј носител е Мехмед Суад. Исто така,
ГФК „Осогово“ пред првенствениот натпревар со “Беласица” им оддаде признание на голманот Ѓорѓи Јованоски и левиот бек Стојанче Тренчев по повод значајниот јубилеј “Одиграни 100 првенствени натпревари за ГФК Осогово”. Од управата на “Осогово” најавија дека одбележувањето на вакви јубилеи ќе стане редовна пракса за ангажманот и лојалноста на фудбалерите.
Од недела, 12. октомври, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“, наспроти „Спорт риалити“. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15,15 до 16,15 часот, се додека не започне судењето. Ова го најавија родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ од
По повод 84-годишнината од почетокот на македонското востание, вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски со претставници од Советот на Општина Кочани, и делегации од Сојузот на здружението на борците од НОВ, Здружението на почитувачи на Јосип Броз Тито и на општински партиски ограноци, положија свежо цвеќе и оддадоа почит на жртвите за
Обичен граѓанин, соседка, жена, носител на советничката листа број 1 за советник во Општина Кочани. Катерина Христова се бори за иднина каде секој граѓанин ќе се чуствува ценет и заштитен. Довербата од гласачите ја смета за нејзина најголема одговорност. Еве што изјави за Радио Кочани: Јас, Катарина Христова, се кандидирам за советничка во советот на
Денеска со почеток во 16:05 часот, ќе се одржи 26-тиот „Марш на ангелите“, најавува ЗГ „16 Март 2025 Кочани“. Маршот и овој пат ќе биде мирен и посветен на нашите 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година,се наведува во известувањето.. Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој
Во Кочани започна реализацијата на проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ вреден близу 15 илјади евра, обезбедени од страна на Бугарската развојна помош. Македонско – бугарската стопанска комора е имплементатор, а носител на активностите е ОУ „Никола Карев“. Како дел од овој проект денеска во ресторанот „Аледар“ се одржа трибина насловена „Спортот важен
Првачињата од Кочани се зачленија во Детската организација Под мотото „Детето денес – иднина утре“ првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација. Гласно, заеднички ветија дека ќе ги почитуваат наставниците и возрасните, ќе бидат вредни и трудољубиви во извршувањето на задачите и ќе бидат добри другарчиња. Приемот во Детската организација им го честиташе в.
Гостин на Општина Зрновци и и градоначалникот Борчо Коцев беше заменик министерот на министерството за социјална политика демографија и млади, Ѓоко Велковски при што беше разговарано за позитивните политики на најмалата Локалната самоуправа во Македонија, во рамките на социјалната сфера, помош на пензионерите, стари и изнемоштени лица, а најголемиот акцент секако е ставен врз развојот