Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев

Почитувани, Во духот на претстојните празници, дозволете ми да Ви посакам среќен Бадник. Овој ден, кој е симбол на семејството, љубовта и заедништвото, нека Ви донесе мир, радост и благосостојба во Вашите домови. Да го прославиме овој празник со отворени срца, споделувајќи го празничниот дух со најблиските, пријателите и сите околу нас. Воедно, да се

Бадникови поворки во Кочани: Вера и традиција во срцето на градот

Со песната „Вечниот Бог“, а во духот на празничната радост и традиција, Кочани го прослави Бадник со голема поворка која започна од храмот „Свети великомаченик Георгиј“. Дечињата придружувани од нивните родители, баби и дедовци, ја започнаа патеката низ централните улици на Кочани, носејќи светлина и топлина за сите притоа најавувајќи го Христовото раѓање. Како што

Викендов Пониква преполна со посетители – Автомобилите се паркираа до аеродромот…

Пониква, една од попопуларните планински дестинации во Македонија, викендов беше преполна со посетители од целата држава. Со оглед на убавото време и снегот кој оваа зима доцнеше, Пониква стана центар на зимски активности, привлекувајќи голем број на туристи. Автомобилите, кои пристигнуваа од сите делови на Македонија, не можеа да се паркираат во близина на ски-центрите,

Поволна и квалитетна монтажа на керамички плочки !

Искусен мајстор поволно и квалитетно врши монтажа на керамички плочки на тераси, кујни, купатила, скали. Цена 8 евра по квадрат. Побарајте на: 076/716-134  и уверете се во врвниот квалитет и услуга.

Се продаваат скоро нови рафтови, сталажи, витрини…

Се продаваат скоро нови рафтови, сталажи, витрини. Цена поволна, по договор!!! Информации на:  Viber 078/731-272  

БЕГС МАНИЈА…ВО НОВАТА ГОДИНА СО НОВА КОЛЕКЦИЈА

Продажба на машки и женски акцесоари, марами, чанти, паричници, куфери, ремени, шапки, часовници… Бегс Маниа е компанија 25 години присутна на македонскиот пазар. Најголем избор на изработка од природна кожа! Во новата година со нова колекција Големи попусти, поврат на средства, ваучери и он лајн нарачки: 070 336 283 Бегс Манија – Градски трговски центар

Кражби на трафостаницата го оставија Кучичино без вода веќе пет дена

Две кражба на делови од трафостаницата од каде  со електрична енергија се снабдуваат пумпите ги остави без вода жителите на селото Кучичино. Таквата состојба трае веќе веќе петти ден. Директорот на комуналното претпријатие од Општината Чешиново – Облешево, Дени Анакиев, информираше дека првата кражба се случила на 31 декември минатата година по што новогодишната ноќ

Бадникова поворка и во Чешиново – Облешево

Оваа година за првпат во општина Чешиново Облешево ќе се организира Бадникова поворка. ООУ „Климент Охридски“- Облешево и парохиските свештеници од МПЦ организирано, со пеење на песната Вечниот Бог, на 6 – ти јануари во 10 ч. од пред првавославниот храм Св.Недела во с. Облешево ,ќе ја формираат најдолгата Бадникова поворка. Со многу љубов ве

Во Спанчево за прв пат над 100 деца ќе го најават Христовото раѓање

Во селото Спанчево, за прв пат, повеќе од 100 деца ќе учествуваат во традиционалната бадникова поворка и ќе го најават Христовото раѓање со пеење на песната “Вечниот Бог”. На 7 јануари, детската поворка ќе започне во 9 часот од храмот „Свети Архангел Михаил“, а ќе се упати кон главниот влез на селото, односно кружниот тек.

Измамена жена од Кочани – останала и без пари и без куќа

На 02.01.2025 во 13.45 ч. во ПС ОН – Кочани 45-годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од С.А.. Според пријавеното, од октомври 2024 до денот на пријавување, по претходен договор дека за 22.000 евра ќе и ја направи куќата, во неколку наврати му дала вкупно 18.500 евра, но С.А. не ја направил куќата.

Папазов ги посети мајките и првите новороденчиња во Општата болница – Кочани – И ги додели традиционалните подароци

На 1 јануари 2025 година околу 10:45 на Одделението за Гинекологија и акушерство во Општата болница – Кочани, Есенѓул Демирова од Виница го роди првото машко бебе, кое ќе го носи името Семин и е трета рожба во семејството Демирови. Трдиционално, како и секоја година, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката и

На 6 – ти јануари – БАДНИКОВА ПОВОРКА ВО ГРДОВЦИ

Со благослов на свештеникот Илчо Миленковски оваа година за прв пат ќе има Бадникова поворка во Грдовци. Со макета на Витлеемската пештера која ја симболизира пештерата во која се родил Исус Христос, ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус и пеејќи ја христијанската коледарска песна