80 години МАКЕДОНИЈА осигурување – ВИГ – Дом на доверба и сигурност

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од 1 март 2025 – МАКЕДОНИЈА осигурување – Виена Иншуренс Груп започна со гордост да ја одбележува својата 80-годишнина – осум децении исполнети со посветеност, сигурност и доверба.

Од своето основање на 1 март 1945 година, веднаш по ослободувањето, компанијата раснеше заедно со државата, станувајќи симбол на стабилност и заштита за генерации граѓани.

Иако низ годините го менуваше своето име, МАКЕДОНИЈА осигурување – Виена Иншуренс Груп секогаш остана верна на својата мисија – да биде сигурен партнер на своите клиенти, семејства и компании во секој важен момент.

За 80 години, без разлика на предизвиците и промените, нашите клиенти секогаш знаеја кога се сигурни.

По повод овој значаен јубилеј, претседателот на Управниот одбор и генерален менаџер, г. Бошко Андов, ја истакна важноста на довербата што клиентите ја имаат во компанијата:

Чест ми е да ја одбележиме оваа голема годишнина со сите наши клиенти, партнери и вработени – минати и сегашни. Вашата доверба ни беше и останува најголемата вредност. Со 80 години искуство, продолжуваме посветено да нудиме сигурност, стабилност и заштита за идните генерации. Оваа година е особено значајна бидејќи, покрај 80 години јубилеј на МАКЕДОНИЈА осигурување е и 200 години јубилеј на Wiener Stadtische Versicherungsverein.

Овие два јубилеи се одраз на долгата традиција, искуство и сигурност што компанијата и групацијата ги носат на своите клиенти – доказ дека сигурноста и довербата се темели на кои се гради долгорочен успех. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна.” Годишнината ќе биде проследена со низа активности, вклучувајќи специјални кампањи, хуманитарни акции и проекти насочени кон унапредување на заедницата.

Прославата започна со средба и свечен настан кој ги обедини сегашните и поранешните вработени – луѓето кои со својата посветеност ја градеа оваа куќа на доверба.

Во текот на годината, МАКЕДОНИЈА осигурување – ВИГ ќе организира и јавни настани кои ќе ја нагласат важноста на заедништвото и сигурноста, вредности што компанијата ги негува веќе осум децении.

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп е во самите темели на сигурноста, довербата и финансиската стабилност на дејноста осигурување во Република  Македонија.

Првата осигурителна компанија со најголемо искуство и експертиза локално, чии почетоци се уште од 1945 година како државен завод, со преку дведецениско интернационално влијание и знаење, денес е стабилна институција во рамките на моќна австриска групација.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од