МВР: Активна забрана за дронови во Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип. Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува

Митева: Само 22 важечки лиценци на цела држава, ДПИ со забрана за вршење должност на сите субјекти без важечка лиценца

Ветивме борба со криминалот, ветивме истрага на сите актуелни состојби. Сакам да ја информирам јавноста за преземените активности на надлежните институции по завршување на денешната владина седница, а кои се однесуваат на две точки: Првата е на преземените активности од страна на Државниот пазарен инспекторат и втората во однос на информацијата за состојбата за сместувањето

Тошковски: Промена на раководството на СВР Штип и ОВР Кочани со цел обезбедување ефикасна и непристрасна истрага

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите изјави дека со цел обезбедување на ефикасна и независна истрага за трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани е донесена одлука за разрешување на раководните лица на локалната полиција во ОВР Кочани и СВР Штип и нивна замена со полициски службеници од Скопје. „Ваквата

Погребот на загинатите во трагедијата во Кочани ќе биде во четврток

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на прес-конференција соопшти дека погребот на 59-те загинати во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, а точното време ќе биде објавено дополнително. „На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка

Почитувани сограѓани, Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и

Градоначалникот на Општина Кочани со препораки до КЈП „Водовод“ и до Советот на Општина Кочани

На колегиумот што утринава се одржа во Општина Кочани, а по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, градоначалникот Љупчо Папазов даде неколку препораки за преземање активности во наредниов период. Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената седумдневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и спортски карактер. Упатена

Почина возачот на Брзата помош од Кочани откако цела ноќ ги превезуваше повредените деца…

Возачот на брзата помош кој цела ноќ ги превезувал повредените во страотниот пожар во Северна Македонија починал утрово, дознава Информер. Да потсетиме, страотниот пожар што избувна во неделата нешто пред три часот по полноќ зафати 1.500 луѓе во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија. Во пожарот се повредени 155 лица, додека најмалку 59 лица загинаа.

Синодско сочувство по повод трагедијата во Кочани

Нажалени родители, браќа и сестри, роднини и пријатели – нажалена Македонијо, Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот. Но, и

Известување од градска општа болница „8ми Септември“ во Скопје за родителите на повредени лица од Кочани

Радио Кочани штотуку беше информирано итно да го сподели известувањето од градската општа болница „8ми Септември“ во Скопје каде што на лекување се однесени Методија Цонев и Стефанија Златановска од Кочани на кои родителите сеуште не се присутни во болницата. Поради потреба од итно преместување во странство потребен е потпис од родителите. Се замолуваат сите

Таравари: Во моментов 118 лица се згрижени низ болниците во државата, понудена беше помош и од соседните земји

Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, а била понудена помош и од држави од соседството. -Во моментов 118

Најголема катастрофа и трагедија досега во Кочани

На концерт на групата „ДНК“ се запали и сеуште гори дискотеката „Pulse“ во Кочани. Како што дознава Радио Кочани од лице место 100тици повредени, меѓу нив и жртви од големиот пожар има утрово околу 3 часот по полноќ. Возилата на ТППЕ, возилата на итна помош и полицијата не се доволни да ги спасат повредените деца