Градоначалникот на Општина Кочани со препораки до КЈП „Водовод“ и до Советот на Општина Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На колегиумот што утринава се одржа во Општина Кочани, а по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“, градоначалникот Љупчо Папазов даде неколку препораки за преземање активности во наредниов период.

Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената седумдневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и спортски карактер.

Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП „Водовод“ да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и определување посебно место за починатите во пожарот, како и одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП „Водовод“.

Градоначалникот Папазов иницира отворање донаторска сметка во соработка со ОО на Црвен крст Кочани, на која може да се примаат донации за повредените и настраданите. На оваа сметка на Фондот на солидарноста на Црвен крст на РСМ  Општина Кочани ќе донира 3 милиони денари од сопствениот буџет.

Во врска со препораките произлезени од колегиумот и градоначалникот Папазов наскоро ќе заседава Советот на Општина Кочани.

Во соработка со Брегалничката епархија и Црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ црковните обреди за покој на починатите нема да се наплаќаат.

Сметка на Фонд на солидарноста на Црвен крст на РСМ: 300000001327966

Даночен број: 4030984271620

АД Комерцијална банка

Назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со нов успех – ученикот Петров ќе учествува на Јуниорска македонска математичка олимпијада

Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани е училиште  на вистински и големи математичари ! ГОРДО  училиште ! Голема гордост и престиж е ученик да учествува на ЈММО (Јуниорска македонска математичка олимпијада) СТЕФАН ПЕТРОВ,  ученик во 8 одд. во ОУ„Св. Кирил и Методиј„   – Кочани, ( под менторство на наставничката Елизабета Ѓорѓиева) е единствениот ученик

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од