„Буквождер“ – нова анимирана серија за деца (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

 Со новогодишната песна „Бушава Нова година“, продуцентите Види Вака раскажувачко студио и Георги М. Унковски ја најавија новата анимирана серија „Буквождер“ која е продолжение на добропознатата „Бушава азбука“ снимена пред 40 години. 

„Бушава Нова година“ ја пеат хероите од „Буквождер, „Бушавковци“ чии гласови ги позајмуваат Ивана Павлаковиќ, Ангела- Александра Ивановиќ и Дамјан Цветановски. Музиката е на Георги Шарески, текстот на Мите Кузевски, а во адаптација помогнаа Горан Игиќ и Георги Шарески.

Креативни продуценти се Слободан Унковски и Синоличка Трпкова, додека извршни продуценти се Горан Игиќ и Мите Кузевски. Режисер и продуцент на анимираната серија е Георги М. Унковски, а сценариото е на Калија Киселичка.

Во анимацијата се користени оригиналните илустрации на Душан Петричиќ од 1985 година, за кои копродуцентите ги имаат откупено сите права, како и адаптации и нови илустрации од илустраторот на „Буквождер“ Томи Џуровски. Анимацијата на спотот за песната и анимацијата на новата серија е дело на одличните Никола Димов, Дамјан Mихаилов и Горан Менков.

По двегодишни напори за обезбедување на поддршка и спонзори, овој прв проект од „Бушав универзум“ е финансиран од сопствени средства на копродуцентите. Во план е и јавна кампања за собирање средства.

Со оваа анимирана серија чие емитување се очекува во 2025-та година, започнува новата етапа на „Бушава азбука“ и „Бушав универзум“ во Македонија, но и секаде каде што се присутни македонскиот јазик и култура.

Во меѓувреме, седум години траат напорите за финансирање на „Бушав буквар“, продолжение на легендарната телевизиска серија „Бушава азбука“ за која Горан Стефановски ги почна, а по неговата ненадејна смрт Марјан Алчевски ги доврши сценаријата. За овој проект од национален интерес копродуцентите исто така ги имаат обезбедено сите права.

Серијата за која институциите се глуви од 2018-та година е воедно и последното нереализирано дело на легендарниот македонски драматург Горан Стефановски. Идејни творци на проектот се режисерот Слободан Унковски и актерката Синоличка Трпкова Меллес, дел од оригиналната постава на омилената „Бушава азбука“.

Повеќе детали за „Буквождер“, „Бушав буквар“ и како е замислен „Бушав универзум“ копродукцијата ќе соопшти во 2025-та година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...

Формирани Комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

На 02-та седница на Советот на Општина Прилеп во новиот состав,  советниците со мнозинство на гласови како прва точка на дневниот ред советниците го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на Катерина Пузеска за член на Советот на Општина Прилеп.На дневен ред потоа беа усвоени прделозите за формирање на комисии кои...

Повоторно лага за сообраќајка на близок – измамена 88 годишна старица од прилепчанец и крушевчанец

Полицијата уаспи прилепчанец и крушевчанец за телефонска измама со добро позната лага дека близок член на семејство направил сообраќајка и се потребни пари да се извлече од ситуацијата. Овој пат жртва на измамниците биле 88 годишна жена од Битола, а повикот се случил кон крајот на август. -Пријавените довеле во...