Бугарски државјани фатени во кражба на предмети и делови од народна носија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Демир Хисар полиција уапсила тројца државјани на Бугарија со две возила кои биле фатени во кражба на делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство:

На 09.12.2025 во 11:50 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишија од слобода А.К.(44), К.К.(48) и В.Г.(50), сите од Република Бугарија, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ по член 235 и  „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 од Кривичниот законик. А.К. и К.К. се затекнати во патничко возило „фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, а В.Г. е затекнат со возило комбе „пежо боксер“ со бугарски национални ознаки и кај нив се пронајдени  предмети  и  делови од народна носија  за кои не можат да го докажат потеклото. Предметите се прегледани од  етнолог од Музеј Битола и констатирано е дека се работи за делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство и се со забрана за промет и за продажба без нивна дозвола. Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...

Во тек пријавувањето за пинг-понгарскиот Меѓународен меморијален турнир „Илија Карески – Каре“

Во организација на Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“од Прилеп, Пингпонгарската федерација на Македонија, со поддршка на Општина Прилеп на крајот од месецов и почетокот на март ќе се одржува петтиот по ред Меѓународен меморијален турнир „Илија Карески – Каре“. Според распоредот турнирот ќе се одржи на 28 февруари и 1 март...

Обезбедена системска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“

Со потпишувањето на управниот договор за финансиска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“ обезбедено е долгорочно – системско решение. Имено, деновиве, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Здружение Центар за развој и едукација Прилеп и партнерските општини потпишаа управен договор со кој се обезбедува финансиска одржливост...