Божиќен ручек за 500 деца по 20ти пат во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По Јубилеен 20-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божикен Ручекво Прилеп на 7-ми јануари, славејќи го  Христовото раѓање. Гости ќе бидат деца од Прилеп,  Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Струмица, Охрид, Штип и од другите градови од Македонија, деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Сите ќе седнат заедно на заедничка трпеза  и ќе го прослават Божик, денот на Христовото раѓање .

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божикна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско- методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат. Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.“, исткна, Александра Северкоска Стојаноски од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

Настанот ќе се одржи со благослов на Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар,а оваа година ручекот ќе го благослови Неговото Преосвештенство, Викарниот Архиереј на Преспанско –
Пелагониската Епархија, Господин Никола. На сите деца ќе им бидат доделени пакетчина за слатки
сеќавања на Божикниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Децата ќе ги забаува танц студио „Зодијак“ од Прилеп, Димитар Иваноски од Прилеп и  македонската мегазвезда, Христијан Настески – Пајак.

Оваа година на свечен настан Детската Амбасада за Сите Деца во Светот традиционалното најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ и го доделуваме на Амбасадорката на сите деца во светот Н.Е. Г-ѓа Гордана Нацева.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе се доделат и ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на: ЈП Македонска Радио Телевизија, Канал 5 Телевизија, Наша Тв Телевизија, Телевизија Тера, Радио Пела, Радио Холидеј и порталите Инфокомпас, Маркукуле и Шеталиште, медиумски покровители на Божикниот ручек во сите овие изминати 20 години.

Организацијата на овој 20-ти по ред Божикен Ручек успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, АК Инвест од Тетово, Алкалоид А.Д. од Скопје, Дексл Мајер од Кавадарци, Фиви принт од Охрид, Бимфуд Доо од Прилеп, Ингредиа од Кавадарци, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница, Дизниленд трејд од Прилеп, Цвеќарница Дани од Прилеп, Фан продукција Зоран од Прилеп, Лолипоп ентертејмент груп од Скопје, како и сопствениците на пракрасната сала за свечености Симфонија од Прилеп. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Радио Холидеј и Радио Пела, веб порталите Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...