Божиќен базар со германска нота во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Божиќната и новогодишната магија, со германска нота, ќе блесне во градот под Марковите Кули, 15ти декември  (понеделник).Германистите од Македонија, со цел да ја доближат германската култура, јазик и традиција, на плоштадот “Методија Андов – Ченто“, организираат т.н германски  Божиќен панаѓур. Германскиот базар ќе понуди божиќни колачиња, торти, переци, божиќни украси, изработени од ученици кои го изучуваат германскиот јазик, музика, едукација, ќе се разменуваат зборуви на германски јазик, ќе се презентира божиќната разновидност од друга култура. Поканети се сите добронамерници и поддржувачи на германската култура и јазик.
Настанот е во организација на  наставниците по германски јазик од основните и средни училишта на Општина Прилеп,   Здружението на наставници по германски јазик и книжевност на Македонија и Гете-Институтот од Скопје, поддржано од Општина Прилеп.
На плоштадот „Методија Андонов – Ченто“  од 12:30 до 14:30 часот, учениците љубители на германскиот јазик и култура од основните и средните училишта од Прилеп, но и од други градови низ Македонија, ќе ја доловат празнична новогодишно/божиќна атмосфера преку игри, песни, новогодишни украси, ракотворби и богата празнична храна.
Базароте е замислен да ја донесе во Прилеп магијата на традиционалните германски Божиќни пазари. Настанот има едукативна и хуманитарен карактер. Целта е секој посетител, дете или возрасен, да може да стекне ново знаење, да развие емпатија и да ја почувствува убавината на германската култура преку непосредно искуство. Настанот е поддржан од повеќе општествено одговорни компании кои ќе учествуваат со свои производи, како и од партнер-училиштата и институциите што континуирано ја промовираат германската култура и јазик во нашата земја.
Програма на настанот:
12:30 – 13:30
Културно-уметничка програма на германски јазик со настапи на ученици од основните училишта во Прилеп, како и учество на најмалечките од градинката „Вишне“ и приватната градинка „Ројал Кидс Хаус“.
13:30 – 14:30
Посета на штандовите, интерактивни едукативни работилници и дружење со учениците. Секој посетител ќе може да научи нови зборови на германски јазик, да понесе ново искуство и да се приклучи кон хуманитарниот дух на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Граѓаните можат да поднесуваат жалби и поплаки за Реконструкција на тротоари на улица „Кеј 1-ви Мај“

Започна реконструкцијата на тротоарите на улицата улица Кеј 1-ви Мај“, а општина Прилеп ги  вклучува и граѓаните да земат активно учество во реализацијата на проектот со носењето на предлози, решенија и одлуки според нивните потребите и видувања за поквалитетна реализиција на овој инфраструктурен зафат. Транспаретно, на официјална веб страна од...

(Видео) Им правеа “цепелини„ на Алкалоид – изгубија, но играа со срце, за публика

Ракометарите на Прилеп, изгубија на домашен терен од Алкалоид, (33-39), но потврдија дека и тие знаат да играат брза динамична игра и да дада максималени напори за да го потврдат својот квалитет пред надмоќниот противник. Синоќа тие играа за публика, даваа голови како да играат во “Бундес“ лига и изнудуваа...

Проданоски во работна средба со британскиот амбасадорот Лосон

Денеска градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски оствари работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон во присуство на претседателката на Советот на Општина Прилеп и прилепските пратеници. На средбата станало збор за потенцијалите на општина, бизнис климата, тековните и планираните инфраструктурни инвестиции, како и поволностите кои...