Блокадите на македонската граница продолжуваат само за тешки товарни возила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини низ Македонија продолжува со полн интензитет и денеска. Македонските превозници, поддржани од колегите од Србија, Црна Гора и БиХ, јасно порачаа: „Не сме туристи, туку професионалци“. Тие бараат итно решение за правилото 90/180 дена кое, со воведувањето на новиот ЕЕС систем во април, сериозно го загрозува опстанокот на транспортниот сектор.

И денеска најавени блокади на сообраќајот само за тешки товарни возила за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.

Од 12 часот ќе биде блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар ДојранГП Богородица и ГП Меџитлија.

Од 12:20 часот блокиран сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато.

Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално.

Од 12 часот блокади и на ГП Деве БаирГП Делчево и ГП Ново Село.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по влажни коловози. Снег со слаб интезитет паѓа на Попова Шапка и Ѓавато кој во моментов не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Антипод: Два рекорда, еден ден, еден човек-Дарко Неданоски, авантурист по вокација, спасител по професија

Авантурист по вокација, спасител по професија, човек кој што го води андреналинот да истражува, да руши граници, да запознава нови светови во длабочините и во височини. Подвизите и струшените рекорди на Дарко Неданоски пред 3 години беа поттик за режисерот Бојан Секулоски за креирање на  авантуристичкиот филм „ Антипод“. Филмското...

УХМР: Потенцијално опасна состојба од излевање на реките

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за потенцијална опасност од зголемување на водостојот и можно излевање на реките за периодот од 26 до 27 јануари 2026 година. Според официјалната мапа на хидро алармот, поголемиот дел од територијата на државата е обоен во жолта боја, што симболизира состојба на внимателност....

Пијан возач со 1.73 промили алкохол во крвта возел во вечерните часови низ прилепските улици

На 24.01.2026  во 01.50 часот на ул. „Леце Котески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.Р.(38) од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „туран” со прилепски регистарски ознаки управувано од Х.Р. при што, констатирано било дека истиот управувал под дејство...