Билјана Јандреска Андоноска е пронајдена жива и здрава

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепчанката Билјана Јандреска Андоноска која беше пријавена за исчезната и за која денеска семејството и пријателите апелираа за помош за нејзино пронаоѓање, е пронајдена жива и здрава. Информацијата ја сподели нејзината сестра Соња Јандреска на социјалната мрежа ФБ заблагодарувајќи се за помошта.

Претходно од СВР Битола информираа дека на 23 јули 2025 година, во 23:02 часот, нејзината сестра С.Ј.М. пријавила дека Б.Ј.А. со возило се оддалечила од домот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Ристеска: навремената заштита е гаранција за добар род!

Секоја земјоделска сезона е посебна приказна, во која директните производители за оптимални резултати треба да ги следат временските прилики и навремено да реагираат, да превенираат и да ги заштитат посевите или насадите. Периодов во Пелагонија актуелни се последиците од поплавите, сеуште дел од земјоделските парцели се под вода, а некаде...

Во историјата ќе остене запишано дека Охрид и даде на Победа 10 гола

Прилепска Победа, која се бори за опстанок и која се обидува да остане во второлигашкото друштво, доби 10 гола во својата мрежа на гости кај ГФК Охрид и декласирана и понижена се врати во Прилеп. Но, не по вина на младите фудбалери, деца, кои црвено-белиот дрес се обидуваат да го...

Прилеп: Приведени тројца возачи за тешки прикршувања на сообраќајните прописи

При контрола во сообраќајот во Прилеп полицијата привела тројца кои ги прекршиле сообраќајните прописи: еден за не поседување на возачка дозвола и двајца возачи кои имале алкохол во крвта над дозволеното. Едно возило е одземено. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола: