Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски – Алпи во Цепенков

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 17 април 2026/петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена  изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви: крстови, пејзажи, кочанско поле….

„ Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски“ – вели авторот Драган Верговски – Алпи.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, Педагошка академија кај проф. Борко Лазески, а Факултет за ликовна уметност во Скопје кај проф. Димитар Кондовски.
Самостојно изложува од 1968 година со изложба на Младинска работа акција во Нов Белград.
Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони.
Низ своето долгогодишно работни искуство како советник конзерватор за мозаици на Конзерваторскиот центар во Скопје, дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.
Како експерт од областа на конзерваторско- рестравраторските проблеми на мозаичното и штафелајното сликарство, работи на изготвувањето и реализирањето на многу проекти во земјава. Со тоа се здобива со значајно искуство во решавањето на конзерваторско рестарваторските проблеми и разновидноста на материјалите во областа на сликарските техники – масло на платно, икони, масло на картон, темперна техника, акрилна техника, комбинирана техника, фрескосликарство, мозаик, објекти и скулптури

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...

Започна електронското пријавување за упис во средните училишта

Во Македонија почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година на располагање се над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта. Според објавата на Министерството за образование и наука, најмногу слободни места има во стручното образование – повеќе од 17.000. Речиси 6.000...

МТФ „Војдан Чернодрински“: Пет награди за претставата „ЦРНИЛА“ на прилепскиот театар

Познати добитниците на наградите од 60-тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Со најголем број награди, вкупно 5, се закити прилепскиот театар НТ „Војдан Чернодрински“: Награда за костимографија – Марија Пупучевска; Награда за сценографија – Валентин Светозарев; Награда за млада актерка – Сара Спиркоска; Награда за главна машка улога...