Aвтоконтрол со новогодишни подароци за учениците со попреченост

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денес во просториите на ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп, претставници на компанијата Автоконтрол по повод новогодишните празници, на децата со попреченост од ова училиште им врачија пригодни новогодишни подароци.

Поддршката е светло за иднината на децата со посебни образовни потреби, овозможувајќи им да го остварат својот потенцијал и да изградат самодоверба во своите способности-велат од училиштето изразувајќи благодарност кон општествено одговорната компанија Автоконтрол.

Не случајно и директорот на ова училиште Ахил Јаков, а и компанијата Автоконтрол се дел од нашата предлог листа односно анкета за избор на медиумски највпечатливото лице или компанија кое/која дало/дала најголем придонес за заедницата во 2024 година, за  кое/која јавноста пројавила најголем интерес.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...

(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината....

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година. „Спортот ги учи младите на...