Аудио драма „Маѓепсан круг“ за СТОП на присилните детски бракови

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Радио драмата „Маѓепсан круг“ создадена од Радио Пела, е дел од иницијативата за подигање на свеста „Промени го мислењето – останете надвор од маѓепсаниот круг“ поддржана од ЕУ и Советот на Европа. Целта  е да се овозможи попристапен начин за заедницата да препознае, открие и алармира за појавата на присилни детски бракови.

Во четири различни приказни, креирани од вистински искази, таа говори за борбата против невидливите синџири што ги држат жртвите на присилни бракови и трговија со луѓе за подигнување на јавната свест кај локалните заедници за борба против трговијата со луѓе и присилните детски бракови.

Радио драмата  „Маѓепсан круг“ е во траење од 45 мин и 42 секунди и е составена од 4 различни приказни, со пораки на крајот од секоја од нив. Актерската екипа од аматерскиот училиштен театар  „Слободно театарче“  при  СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, беше активно вклучена во реализацијата. Автор и сценарист на радио драмата е Филип Стојаноски, а режија и сценографија на  Билјана Тинтоска.

 

Скенирај код и слушај!

Трговијата со луѓе претставува регрутирање, транспорт, трансфер, засолниште или примање луѓе со сила  или измама, со цел нивно искористување за добивање на профит. На ова злосторство, кое се случува во секој регион во светот жртви можат да бидат мажи, жени и деца од сите возрасти без разлика на потекло. За жал, трговијата со луѓе продолжува да постои во 21 век, а присилните детски бракови се една од најчестите видови трговија со луѓе, обвиткана во маѓепсаниот круг на традицијата и сиромаштијата. Според Светската здравствена организација секој ден, околу 39.000 млади девојки ширум светот се мажат пред да наполнат полнолетство. Повеќе од една третина од нив се помлади од 15 години. Трговијата со луѓе за присилни бракови сè уште е присутна и во Република Северна Македонија.

Оваа иницијатива е дел од проектот „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“, и е дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција.

         

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кај Бешиште, мариовско сеуште гори квалитетна мешана шума

Пожарот кој што започна на 28 јуни сеуште е активен кај селото Бешиште, мариовско. Приземен пожар гори квалитетна мешана шума, известуваат од Центарот за управување со кризи во врска со состојбата со пожарите до 13 часот 05.07.2025. Покрај овој пожар денеска активни се уште три: Општина Македонски Брод, с. Црешнево,...

🚗Брза и професионална поправка и полнење на авто-клими во Авто Контрол 🚗

Време е на летни одмори  и патувања кога без исправен клима уред во автомобилот е неиздржливо и практично невозможно да се патува дури и на кратки релации. Проверете дали функционира климата и немојте да чекате за поправка или надополнување со фреон. Експресна, професионална  и најквалитетна услуга за полнење и поправка...

Моника се бори за живот, апел за помош !!!

За Моника нејзината сестра Јованка организира акција за помош со донации за лекување и терапија во борбата со агресивниот тумор. Потребни се 30 000 евра за лекувањето да продолжи во болница во Хрватска каде таа работела и и’ била дијагностицирана болеста. Сите кои сакаат да помогнат можат да донираат на...