АПЕЛ ОД ЗАГРИЖЕНИ ГРАЃАНИ ДО РОДИТЕЛИТЕ И НИВНИТЕ МАЛОЛЕТНИ И ПОЛНОЛЕТНИ ДЕЦА

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во белското маало од кај ридот Лукобија  се наоѓа наречена Вила .. меѓу куќи за индивидуално домување, која е објект на нерегистрирано( нелегално) издавање на базент со поткровје за разни видови комерцијални забави како родендени,матурски, дневно користење од страна на претежно малолетни лица за кои се закупува просторот од нивните родители со носење меѓу другото и алкохол, петарди,цигари, огномети, бучна музика до раните утрински часови и недолично однесување со урлање, пијанчење, турирање  мотори и коли и други инциденти како резултат на предозираност од алкохол загрозувајќи си го сопствениот живот и мирот на соседите, па и имотите.

Сведоци сме на многу недозволиви настани кои почнуваат фино, а завршуваат  недолично во последните 3 години. Посебно сме шокирани  од  дел од родителите кои се пречкаат со соседите и самите вршат достава на алкохол за забавите со малолетници. А родителите кои не дозволуват, се доставува алкохол од страна на дилерот  на објектот во договор со децата.

Повеќе десетици, ако не и сто пријави се направени што лично, што преку бројот за итни повици, петиции за ваквото девијантно однесување, нарушен мир, нелегално комерцијално издавање на објект, бучна музика… Дежурните служби при МВР само ќе се појават, без да се изрече било каква  казна или  да се состави записник за прекршокот.  Ниту за сопственичката, ниту за учесниците во овие забави со секакви инциденти не се превзема ништо. Им се дозволува да си продолжат.

Загрижени сме како се уништува младината, често несвесна за последиците ,препуштена сама на себе и од дел од родителите , и од општеството и од институциите.

Загрижени сме и за отпушоците од цигари, огномети и петарди кои завршуват во соседните дворови, односно нашите имоти  и ридот Лукобија кој е веднаш до самите куќи обраснат со сува трева , грмушки и зимзелени стебла – се лесно запаливо.  Не би сакале да ни се случи и вам и нам повторно “ПУЛС”.

РОДИТЕЛИ!

АПЕЛИРАМЕ  до вас да обратите посебно внимание во кој правец ви се движат децата. Тие барат вакви места каде ќе се слободни, без контрола и ќе прават што сакат. Тоа е типично за нивната возраст, но не и за вашата. Вашите деца не се надгледувани како што ви кажуват кога го закупувате просторот. Не се во никаква урбана средина, туку нелегална со дотур на алкохол и што уште не. Се е документирано со видео, аудио записи, фотографии.

Избегната е трагедија на последната роденденска забава, благодарение на нас. Уште во првите два часа малолетниците веке беа алкохолизирани, со дотур на алкохол за кој не знаеше родителот, такви скокаа од терасата на поткровјето во базенот, при што ризикувајќи си го животот. (Вода која е неиспитана и неодржувана редовно). Излегуваа децата на улицата со офкање од предозираност од алкохол, наоколу повраќајќи.  10-15 деца вратија  4 гајби алкохол пиво на дилерот.  Им останаа 4 часа до полноќ неискористени бидејќи им беше јавено на родителите и ги повлекоа.

Ова е наше прво јавно ФИНО огласување во јавноста со АПЕЛ до родителите, институциите, МВР и до младите да не си барат нов ПУЛС. Доколку не наиде на разбирање и превземање  на соосдветни мерки од споменатите, нема да се откажеме и дозволиме криминални дејства од исти такви луѓе, напротив ќе одиме со по радикални мерќи со обелоденување на сите учесници во овие нелегални девијантни појави.

Група граѓани од белско маало до ридот Лукобија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот