Од утрово и на патот Скопје – Велес пред првиот тунел, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Од 9:00 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од ЈП Македонија пат.
Надлежните апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја приспособат брзината според состојбата на коловозот и задолжително да поседуваат зимска опрема. Екипите на „Македонија пат“ се на терен и континуирано работат на расчистување и одржување на патиштата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.









