ОО на СДСМ Прилеп: Со Проданоски и ДПМНЕ продолжува 4-годишната агонија на градот и населените места

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

– Отчетот на прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски за 100-те дена раководење со општина Прилеп го потврди она што прилепчани гласно го говорат, а тоа е дека со Проданоски и ДПМНЕ продолжува 4-годишната агонија и стагнирање на градот и населените места – истакнуваат во соопштението од ОО СДСМ – Прилеп.

“Вчерашниот отчет на прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски за 100-те дена раководење со општина Прилеп го потврди она што прилепчани гласно го говорат, а тоа е дека со Проданоски и ДПМНЕ продолжува 4-годишната агонија и стагнирање на градот и населените места! Или, како што велат нашите сограѓани – она што го започна Борче Јовчески, го продолжи Дејан Проданоски. А тоа е едно големо – НИШТО! Во време кога Прилеп назадува на дневно ниво а граѓаните се’ потешко се справуваат со сиромаштијата, градоначалникот кажуваше небулози од кои, од срам, им црвенееја образите на присутните во собраниската сала. Така, зборувајќи за поддршката на културата, Проданоски „заборави“ да кажи дека речиси цела година Прилеп е без театарска куќа, дека театарот „Војдан Чернодрински“ е затворен. Градоначалникот Проданоски без срам и перде зборуваше за инвестиции во спортот, без да спомене дека вратите на Универзална сала се закатанчени, дека сала „Македонија“ е надвор од употреба и дека спортската гордост на Прилеп, ФК „Победа“ е пред гаснење.

Зборуваше Проданоски и за економски развиен Прилеп, за грижа за младите, свесно замижувајќи пред фактот дека чаршијата тивко умира а младите забрзано го напуштаат градот. На вчерашната партиска збиранка во општинската зграда, прилепскиот градоначалник туѓите проекти ги прикажуваше за свои, истовремено промовирајќи и други за кои тој и локалната самоуправа немаат надлежност. Притоа, Проданоски не кажа ниту збор за ветените проекти од неговата листа на желби наречена „Изборна програма“. Не кажа кога ќе бидат готови обиколниците „Исток“ и „Запад“, новата детска градинка во УЗ „Рид“ и мултифункционалната сала со 2.000 седишта на местото од „Соколана“. Не кажа што се случува со изградбата на излетничкиот центар од 30.000 квадратни метри кај село Волково, со трговскиот центар со забавен парк кај поранешен „Металец“, со пешачките и велосипедските патеки и новите содржини на спортско-рекреативниот центар „Вештачко езеро“, со адреналинскиот парк кај Старо Лагово.

Прилепчани и жителите на населените места останаа без информации за реконструкцијата на Работничкиот универзитет и отворањето на конгресниот центар, за новите улици во населбата „Градина“, за реконструкцијата и проширувањето на локалните патишта Тополчани-Канатларци, Тополчани-Тројкрсти-Чепигово, Беловодица-Дрен, Ореовец-Крстец, Бешиште-Полчиште. Проданоски не кажа ништо ниту за пропаѓањето на јавните претпријатија, катастрофалната состојба на градската инфраструктура, за раскопаните улици потонати во мрак, за глутниците кучиња скитници.После Борче Јовчески – Дејан Проданоски. Или што би рекле прилепчани: Од дрвено, на камено!„ стои во соопштенито на ОО на СДСМ-Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...