Aмфенол вработува…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработени лица за работно место

 

 

Индустриски инженер во ПЕ ПРОКОМ

 

 

Одговорности и задачи:

Индентификација на производи за трансфер, управување на трансфер проект мегу Данска и Македонија и стартување на нов производ
Планирање на задачи за континуирано подобрување на оперативниот процес
Оптимизирање на распоредот во производната хала и почитување на 5S правила
Ажурирање на работни упатства и цртежи како и оптимизација на пристапот на операторите до истите
Ре-инженеринг на производот и соработка со R&D одделот за минимизирање на сложеноста на потребните компоненти
Следење и промена на тековната методологија на производство сечење, дупчење, лемење, монтажа и сл.
Индентификација на процеси кои може да се автоматизираат/ дигитализираат за да се оптимизира квалитетот, времето на изработка и трошоците.

Потребни квалификации:

Завршено високо техничко образование
Одлично познавањен на англиски јазик (пишан и говорен)
Солидно познавање на работа со компјутери MS Office, познавање на AUTOCAD
Флексибилност во поглед на работното време за исполнувања на барање кон клиенти за претходно потврдени ордери
Познавање на процесите на Lean Manufacturing
Читање и разбирање на техничка документација (цртежи, инструкции и сл)
Структириран и организиран пристап кон работата
Да можат да работат под временски притисок и можност за патување во странство

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 21.11.2024 година по електронски пат на следнава адреса: job@amphenol.mk или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси. Задолжително ставете назнака:

 

Индустриски инженер за ПЕ ПРОКОМ

Напомена:

Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започна долгоочекуваната реконструкција на улицата „Цар Самоил“ во Кочани…

Долгоочекуваната реконструкција на улицата „Цар Самоил“, започна од денска. Изведувач на работите е компанијата „Стоименов“ која на јаваната набавка ја дала најповолната понуда. Додека траат градежните активности, учесницте во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сообраќајна сигнализација. Инаку, улицата беше една од најоштетените во Кочани.  

Виничко Кале – Четириесет години откако Балабанов и соработниците ги пронајдоа теракотните икони

 Овој месец теракотните икони од Виница „наполнија“ 40 години откако се откриени на Виничкото Кале. Во месец јули 1985 Музејот на Македонија ги прави првите заштитни археолошки ископувања на Калето над Виница. На простор од 25 м2  откриени се 22 цели и повеќе фрагментирани икони. Раководител на истражувањата е д-р Коста Балабанов, а дел од екипата

Кафе бар ПИКАДИЛИ вработува келнери и шанкери

ПИКАДИЛИ КАФЕ БАР вработува келнери и шанкери со претходно работно искуство. Информации на телефон : 071 996 990 или во Кафе барот во Трговски центар.