Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас утре во посета на Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во прва официјална посета на Општина Прилеп, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас утре 25 февруари. Според известувањето, амбасадорот на Европската Унија ќе ја посети општина Прилеп како дел од иницијативата за информирање на јавноста, за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници.

Посетата ќе започне со средба меѓу амбасадорот Рокас и градоначалникот Дејан Проданоски, а потоа со членовите на Општинскиот совет. Дискусиите ќе се фокусираат на придобивките од пристапувањето во ЕУ и конкретното влијание на поддршката од ЕУ врз секојдневниот живот во регионот. Амбасадорот Рокас ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и Младинскиот совет во Општина Прилеп, стои во известувањето од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Во рамките на посетата предвидени се изјави за медиумите

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепчанец со завршено четврто одделение полагал возачка оти ја фалсификувал диплопата за осмо

30‑годишник кој имал завршено само четврто одделение, поднел документи за полагање за возачка дозвола користејќи фалсификувана диплома за осмо одделение. Полицијата го открила случајот по редовна контрола на апликациите и утврдила дека дипломата што ја приложил лицето е лажна, бидејќи тој нема завршено соодветно основно образование. Случајот го презеде Одделот...

(ВИДЕО) Огнените јазици за час ја пеплосаа куќата кога семејството било на молитва

Огнените јазици за час ја пеплосаа куќата на Музафер Неџипоски, кај Дабнички Завој во населбата Тризла во Прилеп кога семјството било на молитва во џамијата. Наводно како причина се наведува дека пожарот започнал од оџакот. ТППЕ – Прилеп стигнала навремено, велат соседите, но поради паркираните автомобили на улицата не била...

Седница на Совет на Совет на Општина Прилеп – Нови критериуми за поставување на урбана опрема пред угостителските објекти

Програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема и користење на површина пред деловен објект на подрачјето на општина Прилеп беше тема на дискусија на денешната седница на Совет на Општина Прилеп. Дискусијата се одвиваше во насока на начиниот „како ќе се применува програмата“  – „ќе...