Алармантна безбедносна состојба на експресниот пат Штип–Кочани: Шестмина загинати за една година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Големиот број жртви на експресниот пат Штип–Кочани повторно ја актуелизира потребата од итни мерки за зголемување на безбедноста. Само во текот на минатата година, на оваа делница се евидентирани четири сообраќајни несреќи со смртни последици, при што животот го загубиле шест лица.

Оваа сообраќајна артерија, која го поврзува источниот со централниот дел на државата, според експертите е една од најризичните во земјава. Иако се работи за експресен пат, истиот често се користи како автопат. Возачите ретко ја почитуваат дозволената брзина од 110 километри на час, особено поради фактот што трасата е рамна и без угорнини, што дополнително ги охрабрува на опасни маневри и претекнувања со голема брзина.

На критичните точки е поставена соодветна сигнализација, но тоа не е доволно, велат сообраќајните инженери. Како најефективно решение се посочува воведувањето на концептот „два плус два“, кој подразбира проширување на патот со дополнителни коловозни ленти во двата правци и нивно физичко разделување. Со тоа би се намалил ризикот од директни судири и сериозни несреќи.

Делницата, која е продолжение на автопатот Штип–Миладиновци, е пуштена во употреба во декември 2022 година. Сепак, статистиките покажуваат дека само инфраструктурата не е доволна без постојан надзор и строга контрола на сообраќајните правила.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанската библиотека „Искра“ организираше едукативна работилница за одржување на здравјето

ЈОУ Библиотека,,Искра”, во соработка со Регионалниот центар за ментално здравје и психо- социјслна поддршка и Здружението за психотерапија Амигдала, денеска ја  реализираше првата од осумте предвидени едукативни работилници за превенција и одржување на здравјето. Во првиот дел Станче Василев од Здружението на пчелари,, Матица” од Кочани ги презентираше предностите од користењето на пчелните производи и

Градоначалникот Костадинов и словенечкиот амбасадор Прескер на завршната обука за агро-екотуризам во Чешиново-Облешево

Во Општина Чешиново–Облешево се одржа завршниот дел од обуката за агро-екотуризам, која беше реализирана во рамки на проектот „Развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини“. Домаќин на настанот беше винаријата „Дедов Двор“ од село Кучичино. Обуката беше финансирана од Словенечката амбасада во Република Македонија, а нејзината цел беше да се поттикне развојот на агро-екотуризмот, да

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе Компанијата најавува проширување на можностите за вработување во производствениот капацитет во Кочани, со што за првпат ќе се отвори можност за вработување на кандидати и од општина Свети Николе. Со цел да се обезбедат подобри услови и поголема достапност на работните места, компанијата организира