Протест на Битолчани за изградбата на регионалната депонија во Новаци на која 18 општини треба да одлагаат отпад

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Изградбата на регионалната депонија во Новаци, во која отпад ќе треба да депонира и Прилеп, повторно на “стаклени нозе”. Битолчани, за в сабота, најавуваат протести против изградбата на Центар за справување со отпад на територија на Општина Новаци , а битолските советници, на денешната вонредна седница на Советот на Општина Битола,  предложија референдум, откако советот донесе одлука за формирање на комисија која ќе формира јавно претпријатие за упрваување со отпад. Ова го побараа дел од граѓаните кои присуствуваа на денешната вонредна седница на Советот, која ја свика претседателката Габриела Иливски по бурните реакции во јавноста.

Битолските советниците побараа да се спроведе референдум во Општина Битола, дали битолчани прифаќаат изградба на современ Центар за справување со отпад на територија на Општина Новаци, каде се предвидува ѓубрето да го  одлагаат 18 општини од Југозападниот регион (Новаци, Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод). Граѓаните на Битола се плашат од ново загадување, а и од граѓанскиот сектор изразија недоверба за проектот.

Според планот отпадот до новата депонија ќе се носи по нов пат, обиколница и истиот ќе се транспортира во нови возила. „Ова е најдоброто решение за да се затворат сите диви депонии и третирањето на отпадот на современ начин„, беше речено на вонредната седница на Советот на Битола.

Проектот го спроведува министерството за животна средина, а за сите четири регионални депонии меѓу кои и оваа за Југозападниот регион, државата се задолжи со заем од Европската банка за обнова и развој. Во моментот, Министерството за животна средина подготвува тендерска документација за избор на изведувач што се очекува да заврши до 2025 година, а доколку навреме отпочнат работите изградбата на Центарот за управување со отпад треба да заврши до крајот на 2027 година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Јавен повик на Општина Прилеп за прибирање барања за финансиска поддршка за здруженија и спортски клубови

Од денеска во тек е јавниот повик објавен на официјалната веб страница на Општина Прилеп за прибирање барања за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и фондации за 2026 та година. Повикот е отворен до 18 ти февруари и можат да се пријават граѓански здруженија, невладини организации спортски клубови и...

Си била некогаш “Голема Победа”

Нема ништо позначајно од спортски амбасадор на еден град, нема ништо погорделиво ако  насекаде или ако сакате во регионот да ве препознаваат по брендот , фудбалскиот клуб од каде потекнувате.Некогаш  препознатлива силна и полна со фудбалски таленти , Победа,а денеска на маргините на егзистенција и со “малигна” структура на предводници...

Прилеп одбележа 154 години од раѓањето на идеологот Гоце Делчев

Претставници од Советот на Општина Прилеп, од Локалната самоуправа, од училиштето кое го носи името на најголемиот македонски син Гоце Делчев денеска се поклонија пред бистита на херојот. Општина Прилеп денеска одбележува 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер и идеолог на националната борба, Гоце Делчев. По тој повод пред...