60 години од смртта на писателот Стале Попов

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денешен ден во 1965 година, почина големиот македонски писател Стале Попов, особено познат по неговиот прв роман „Крпен живот“. Стале Попов е роден на 25 мај во с. Мелница, Мариово (прилепско).

Првите раскази Стале Попов ги објавил во списанието „Современост“. Сепак, како автор се афирмирал со објавувањето на неговиот роман „Крпен живот“ објавен во 1953 со второ продолжение објавено во 1954 година.

Со објавувањето на „Итар Пејо“, „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“, „Дилбер Стана“, „Шаќир војвода“ и други негови дела, Попов станува еден од најплодните романописци и раксажувачи во македонската книжевност. Негови собрани дела повеќекратно се објавувани во неколку тома во 1966, 1976 и 1987 година.

Неговиот син Ѓеорѓи Сталев Поповски е познат македонски писател и преведувач, кој особено е истакнат во преведувачката дејност. Меѓу другото, најзначаен е заради преводот и препевот на „Сердарот“ на Григор Прличев од грчки на македонски јазик.

По пoвод 30 години од незавинсота на Македонија, во центарот на Прилеп беше изработен мурал од прилепските  уметници Сања Јездиќ, Александар Џинго и Ферди Булут.

Инаку во  чест на Стале Попов, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Стале Попов“. Наградата за 2024 година ја доби писателот Жарко Кујунџиски за книгата „Приказничар“.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во историјата ќе остене запишано дека Охрид и даде на Победа 10 гола

Прилепска Победа, која се бори за опстанок и која се обидува да остане во второлигашкото друштво, доби 10 гола во својата мрежа на гости кај ГФК Охрид и декласирана и понижена се врати во Прилеп. Но, не по вина на младите фудбалери, деца, кои црвено-белиот дрес се обидуваат да го...

Прилеп: Приведени тројца возачи за тешки прикршувања на сообраќајните прописи

При контрола во сообраќајот во Прилеп полицијата привела тројца кои ги прекршиле сообраќајните прописи: еден за не поседување на возачка дозвола и двајца возачи кои имале алкохол во крвта над дозволеното. Едно возило е одземено. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола:

(ВИДЕО)По повод 8 ми Март – признание и почит за жените учеснички во сообраќајот

На иницијатива на Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп и годинава центарот на Прилеп беше во знакот на жената – учесник во сообраќајот. Во соработка со Советот за безбедност, МВР и сообраќајната стpука при СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, денеска во присуство на градоначалникот Дејан Проданоски, претставници од...