Во Лесковац – 18 медали за каратистите на „Партизан“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вчера, недела (02 03 2025 год), во Лесковац – Р.Србија во организација на Карате клубот ИПОН од Лесковац се одржа меѓународен натпревар ИПОН КУП 2025 .

На овој турнир учествуваа вкупно 560 натпреварувачи од 26 клубови од Србија, Бугарија и Македонија.

Карате клубот „Партизан“ настапи со 23 натпреварувачи во дисциплините „Ката“ и „Кумите“. Нашите натпреварувачи покажаа одлични настапи и постигнаа одличен резултат освојувајќи вкупно 18 медали и тоа: 6 златни, 4 сребрени и 8 бронзени медали.

Успехот е дотолку поголем поради тоа што на овој натпревар поголем дел од нашите натпреварувачи по прв пат учествуваат на еден ваков турнир.

Сето ова како и наредните еден до два турнири ке преставуваат подготовка на нашите натпреварувачи за Државното првенство за деца од 10 до 13 години што ќе се одржи во месец април 2025 год., кое воедно претставува и изборно првенство за состав на Репрезентацијата на Македонија за учество на Европското првенство, рече во својата изјава за Радио Кочани, Оливер Коцев, тренер на екипата на КК „Партизан“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Полицијата привела кочанчанец поради дивеење, тешко повреден 73-годишник откако паднал од „хамачи“

На 30.04.2025 во 20.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Соколарци-с.Жиганци, општина Чешиново–Облешево, мопед „хамачи“, без регистарски таблици, управуван од М.Ј.(73) од село Соколарци паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од полицијата. ОВР Кочани поднесе

В. д. градоначалникот Венко Крстевски се вклучи во комуналните екипи за средување на Кочани

Вработени во Комунална хигиена и Паркови и зеленило во КЈП „Водовод“, Празникот на трудот, 1 Мај го поминаа работно, расчистувајќи ги јавните површини од отпад и уредувајќи ги зелените делови по текот на Кочанска Река. Со нив беше и в. д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски, кој лично помагаше во одржувањето на јавната чистота истакнувајќи

В недела на 4ти мај велосипедска трка во чест на загинатите во „Пулс“

В недела, на 4 мај, ќе се одржи закажаната „Вело тура по патеката на оризот во чест на трагично загинатите во Кочани“, што заеднички ја организираат нивните семејства и Општина Кочани. Стартот е во 11 часот од Паркот на Револуцијата, каде ќе има координација и обраќање на родителите. Потоа ќе се вози во правец на