Во Зрновци се одржа Дваесеттата редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Денес во општина Зрновци се одржа Дваесеттата редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион.
На седницата, помеѓу другите одлуки поврзани со редовното работење на Советот за развој на ИПР, беше разгледана и изгласана Листата на предлог-проекти за развој на Источно плански регион за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.
Исто така, од страна на  Билјана Митева беше презентиран Проект за селектирање и складирање на отпад од пакување „Со граѓаните за граѓаните” кој што значително ќе допринесе за подигање на свеста кај граѓаните за селектирање на отпад, а со тоа значително олеснување на работите во создавање на здрави еколошки животни средини.
Претседателот на ИПР, Борчо Коцев изјави:
Преку објавените Јавни Повици кои се во тек, од страна на Министерството за локална самоуправа како и Бирото за рамномерен регионален развој со Програмите за намалување на диспаритети, Потпрограмата АА, Повикот за Проекти за развој на Урбаните подрачја, Специфични развојни потреби и Развој на села, Локалните самоуправи во Република Македонија, благодарение на позитивните и одговорни политики на централната власт предводена од Премиерот ХристијанМицкоски ја имаат максималната подршка во градење, развивање и унапредување на сите населени места, истакна Коцев.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Лажен лекар од Словенија измамил баба од Виница

На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија  и и кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и

Татко од Кочани си ја нападнал ќерката со тврд предмет – и го одзел мобилниот телефон

На 21.01.2026 во 11:45 часот полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј.(44) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека  на 05.01.2026, во семејниот дом, со употреба на тврд предмет, физички ја нападнал неговата 16-годишна ќерка, при што и го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Даријан Павлен – Спортист на годината за 2025 година – Извршен изборот на најдобрите спортисти за минатата година

Општина Кочани и Асоцијацијата на новинари од Кочани го реализираа изборот на најдобрите спортисти за изминатата година. За Спортист на годината за 2025 година е избран Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб „Спартак“. Второпласиран е Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а на третото место се најде каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“. Во