Избрани 20 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 20 од 43-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс.

Комисијата има обврска да го соопштат наградениот роман најдоцна до 15 март.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија, годинава се доделува 26-ти пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Минатата година наградата ја доби романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска, во издание на издавачкиот центар „Три“ од Скопје.

Прва селекција за наградата „Роман на годината“ за 2024 година

 

1. „Ветрилиште“, Игор Анѓелков, „Или-или“
„Јод“, Снежана МладеновскаАнѓелков, „Или-или“
„Играта на господин Филип“, Санта Аргирова,„Култура“
„Коски, пепел, чад“, Мери Арсова, „Антолог“
„Риба во(н) мрежа“, Јована Матевска Атанасова, „Арс Либрис“

6.„Ковчежето со драгите предмети“, Матеј Богдановски, самостојно издание

7.„Тони“, Румена Бужаровска, „Три“

8.„Кој го уби Едгар Алан По“, Владо Јаневски, „Или –или“

„Недостиг“, Симеон Јанков, „Или-или“

10.„Ехото на акробатите“, Владимир Јанковски, „Арс Либрис“

11.„Леска Брезоска“, Симона Јованоска, „Или –или“

12.„Страшни приказни“, Сузана Камберова, „Арс Либрис“

13.„Простување“, Кица Колбе, „Или –или“

14.„Светот што го избрав“, Калина Малеска, „Или-или“

15.„Јас пратеник“, Владимир Мандичевски Манде, „Баги Комуникации“

16.„Неочекувано“, Ана Мовска, „Арс Либрис“

17.„И ѕирка и проѕирка“, Огнена Никуљски, „Антолог“

18.„Не ѝ верувај на баба ти“, Натали Спасова, Н. Славковска

„И јас сум Сирма“, Зоран Спасов Ѕоф, „Арс Либрис“

20.„Приказни од ѕунливото море“, Билјана С. Црвенковска. „Чудна шума“

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка