Дојави за бомби во основните и средните училишта во Кочани, Виница и Зрновци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Утрово во основните и средните училишта во општините Кочани, Виница и Зрновци, пристигнале пораки за дојави на бомби на меил адресите на училиштата.

Со писмено соопштение излегоа и од МВР.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот, информираат од МВР.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Еден час помалку спиење – Од ноќва стартува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува вечерва, по полноќ. Во 02:00 часот, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето

ТИКВЕШ тим вработува ДИСТРИБУТЕР…

ТИКВЕШ ТИМ има потреба од лице што ќе работи на работната позиција ДИСТРИБУТЕР… Заинтересираните нека се јават на телефонскиот број : 076 309 404

Активности за подобрување на јавното осветлување во Кочани

Општина Кочани реализира активности за обновување на јавното осветлување, при што се врши замена на оштетените светилки и на инсталацијата. Активностите веќе се завршени на четирите моста во централното градско подрачје, на потегот од Двојниот мост до Градскиот плоштад, со што значително се подобрува видливоста и безбедноста во овој фреквентен дел од градот. По две децении, целосно