Проблемот со кучињата скитници во Кочани станува сè посериозен, а граѓаните бараат итна реакција од надлежните институции.
Според информации од жители, во изминатиот период зачестени се нападите од кучиња скитници на повеќе локации во градот.
Само во последните денови две жени завршиле во болница по напад од кучиња, а претходната недела било нападнато и лице со инвалидитет.
Граѓаните велат дека секојдневно се соочуваат со страв и несигурност при движење низ улиците, особено во вечерните часови.
Тие апелираат до надлежните служби и институции што поскоро да преземат конкретни мерки за решавање на проблемот и зголемување на безбедноста во градот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









