Кочанчанецот Јован Манев ќе ја засили хрватската екипа „Ријека“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Македонскиот стопер Јован Манев ќе има нов клуб.

Станува збор за  хрватската екипа „Ријека“, клуб кој моментално е лидер во шампионатот на Хрватска.

Трансферот доаѓа од турската екипа „Адана Демирспор“.

24-годишниот Манев беше дел од турска „Адана“ од 2022 година, а за него хрватскиот шампионат е познат, со оглед на фактот дека тој  настапуваше како позајмен играч во „Осијек“.

Во хрватскиот шампионт Манев одигра седум натпревари или 495 минута.

Низ својата кариера Манев беше дел и од тимовите на „Осогово“ и „Брегалница“.

Исто така, тој  има настапувано и седум пати за сениорскиот тим на Македонија, како и постигнат еден гол.

Инаку, тој е роден 2001 година и потекнува од селото Грдовци.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🌰 ГАЛА НУТС – АКЦИЈА 🌰

Врвен квалитет • Чисти зрна • Искрена цена Ви ја претставуваме нашата специјална акција на одбрани јаткасти плодови, семиња и природни производи — внимателно селектирани, свежи и со докажан квалитет. Доставата ја врши служба за достава со Ваша доплата. Ограничување во количините нема. 🧺 АКЦИСКА ПОНУДА (само за 1 кг пакувања): • Кикирика сирова –

Цвеќарница ФЛОРА – Сега нарачајте, на Свети Валентин подарете

Наближува Свети Валентин, не чекајте до последен момент, Нарачајте веднаш, подарокот подигнете го на 14 – ти февруари Цвеќарница ФЛОРА – Ваш партнер кога некого сакате да направите среќен…. Јавете се на 033 272 667 – закажете подарок веднаш и на Денот на вљубените – подарете ВАША – Цвеќарница ФЛОРА  

Паулина Маказлиева: Македонка која е родена и живее во Велика Британија до медиумите и јавноста во Македонија за покренување на донаторска кампања за...

По повод една година од големата трагедија, предизвикана од пожарот во дискотеката ПУЛС во Кочани, организирам хуманитарна акција во Велика Британија и Македонија, со цел да се обезбеди финансиска поддршка за Општата болница Кочани. Мојата цел е да се поддржи болницата со потребните медицински материјали и подобра техничка опрема. Не е важно дали донираниот износ