Градоначалниците на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа договор за преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Градоначалниците на општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, Љупчо Папазов, Миле Петков, Борчо Коцев и Далибор Ангелов потпишаа Договор во врска со преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани.
Според договорот, општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево имаат обврска да плаќаат по 220 денари за метар кубен отпад депониран на депонијата во Кочани. Количините на депонираниот отпад ќе се утврдуваат на дневна основа, според носивоста на возилата.
Општина Кочани преку КЈП „Водовод“ ќе презема активности за управување со депонијата во Кочани.
Доколку произлезат прашања коишто не се предвидени со овој договор, тие дополнително ќе се уредат со анекс.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Како Кочани живее со трагичните сеќавања – и продолжува понатаму, гледано низ призмата на психологот Јовановска Стојановска…

Речиси една година по трагедијата што го потресе Кочани, прашањата поврзани со психолошките последици и процесот на закрепнување и понатаму се значајни за жителите на општината. Во рамки на проектот „Живот по трагедијата во Кочани“ разговаравме со претседателката на Секцијата на кризни интервенци при Комората на психолози, Мирјана Јовановска Стојановска, за тоа како заедницата се

Виничанец давал кокаин на малолетници од Македонска Каменица…

Кривична пријава против виничанец: На малолетник од Македонска Каменица му овозможил употреба на кокаин Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.К. (22) од Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Инцидентот се случил на 31 октомври 2025 година во Македонска Каменица, кога

Донирани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација за Општата болница – Кочани

Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно”, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација. Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо