Мартин Ристески: Спортувајте што било, затоа што спортот е здравје(ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пингпонгарот Мартин Ристески, сосема заслужено и оправдано се најде на листата на петте млади од нашиот избор за 13 величествени. 

Љубовта кон пингпонгот се развила благодарение на неговиот татко кој исто така се занимавал со пингпонг. Тој минатата година стана првак на Македонија во категоријата кадети  и е  репрезентативец на Македонија во категоријата до 13 години. Овие признанија се уште позначајни ако се знае дека интензивно почнал да вежба во 2022 година.

За да ги постигне сите многубројни успеси, тој секојдневно вежба минимум два часа. Покрај пингпонгот, ги сака сите спортови, а го интересираат и физиката и математиката. Ученик е во осмо оддделение во ООУ „Кочо Рацин“. Во разговорот за Радио Пела, тој ни откри интересни факти за пингпонгот и ни раскажа кои се неговите планови за иднина.

Ф.Д.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепскиот “wonderkid” со прв професионален договор во Брера

Уште еден доказ дека вистинската приказна се гради од темел. Нашиот Габриел Талески стави потпис на професионален договор со ФК Брера Струмица. Од школата до првиот тим – патот не е лесен, но кога клубот стои зад своите млади, соништата стануваат реалност. Во Брера не зборуваме само за иднината –...

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Имаме јасен план за стабилизација на ФК Победа!

Состојбата со ФК Победа беше тема на денешната прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, на која говореше Златко Рикалоски, инаку советник во Советот на Општина Прилеп. Ја пренесуваме во целост:

Нападнати полицајци кои спречувале нарушување на јавниот ред и мир

Прилрпчанец ги нападнал и полициските службеници кога тие се обиделе да го спречат во нарушувањето на јавниот ред и мир. Имено, на 25.12.2025 во 11:30 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.М.(43) затоа што го нарушил јавниот ред и мир. При...