Голем број македонски граѓани викендов го посетија саемот за сточарство во Солун

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Чести се органзирираните викенд тури за Солун од голем број македонски туристички агенции и секогаш предизвикуваат интерес заради близината на голем дел македонски градови до Солун, но и заради честите попусти органзирани од страна на солунските трговски центри.

Меѓутоа викендов посетата во Солун за голем дел македонски граѓани имаше друга причина, особено кај македонските земјоделци и сточари. Имено, од 30 јануари до денес во Солун се одржа тринаесетотото издание на Интернационалниот саем за добиток и живина.

Со 954 изложувачи, специјачен фестивал за миленичиња и салон за коњи, ова издание понуди широк спектар на содржини за професионалците и љубителите на домашни животни, живина, коњи, домашни миленици и земјоделска механизација.

Екипата на Радио Пела го посети овој Саем и нашиот заклучок е дека акцентот беше ставен осбено на механизацијата во секторот сточарство  и поледелството како гранка која обезбедува храна за сточарството. Станува збор за врвни и усовршени производи од целиот свет, со високи перформанси но и со високи цени, кои би биле исплатливи доколку станува збор за големи фарми, земјоделски комбинати или здружени земјоделски производители.

Во спротивно, за мали производители кои дгледуваат мал број грла добиток и работат помали земјоделски површини, ваквата механизација е прво недостижна, а второ воопшто неисплатлива.

Ова е време кога се уште земјоделската работа не е во полн ек, па голем дел македонски земјоделци и сточари од сите краишта на Македонија, топлото и пријатно време го искористија за едукација, размена на контакти, споделување искуства и договори за можни набавки на земјоделска опрема и соработки.

Покрај поединци и земјоделски здруженија, Саемот го посетија и професори и ученици од СОУ „Орде Чопела“-Прилеп со оглед на тоа што во ова училиште функционираат паралелки од земјоделско-ветеринарната струка.

Низ фотографии ви пренесуваме дел од армосферата на 13 Интернационален саем за добиток и живина Zootechnia во Солун.

 

Tекст и фото: Филип Димкоски

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Почина велосипедист на патот Прилеп- Битола

На 15.06.2025  околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница...

Поскапуваат горивата

Од вечерва по полноќ за 1,5 денари ќе поскапат бензините и дизел горивото, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РСЕ). „Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС 95 – 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 78 денари за литар, дизел гориво 67,50 денари, масло за горење екстра...

22 Македонци побарале помош за евакуација од Израел – Апел до македонските граѓани да не патуваат во регионот на Блискиот Исток

До 15 јуни, вкупно 22 лица, македонски државјани и членови на нивните семејства, побарале помош за евакуација од Израел. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија формираше кризен штаб и упати апел до македонските државјани да се воздржат од патување во регионот на Блискиот Исток, поради влошување на ситуацијата. Министерството,...