Авто Контрол донираше во Детското одделение во прилепската болница

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепската компанија Авто Контрол Станица за технички преглед со уште една донација за добробит на заедницата. Овој пат за потребите на Детското одделение во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп Авто Контрол донираше лап топ за подобрување и олеснување на работата на медицинскиот персонал.

Како општествено одговорна компанија, ние веруваме дека секој мал чекор кон подобрување на заедницата има големо значење. Денес со особена чест и радост донираме лаптоп на Детското одделение во болницата Борка Талески од нашиот град, со надеж дека ќе придонесе за олеснување на работата на медицинскиот персонал и ќе донесе насмевки на лицата на најмладите пациенти. Грижата за заедницата е наша заедничка одговорност, и ние ќе продолжиме да даваме поддршка таму каде што е најпотребно. Благодарност до целиот тим на општа болница Борка Талески за нивната посветеност и грижа за децата, посочи Даниела Перканоска од Авто Контрол.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Неуморниот маратонец д-р Бошко Илиев го препливува Вештачкото езеро во Прилеп

Вештачкото езеро во Прилеп го краси чита, мирна и  бистра вода, која доаѓа од Оревоечка река. И, токму прилпскот езеро беше предизвик за 60 годишниот, маратонецот Бошко Илиев од Кавадарци, д-р по спортска медицина и љубител на пливањето, да направи несекојдневен подвиг – да го преплива езерото во кружна патека...

Почина велосипедист на патот Прилеп- Битола

На 15.06.2025  околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница...

Поскапуваат горивата

Од вечерва по полноќ за 1,5 денари ќе поскапат бензините и дизел горивото, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РСЕ). „Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС 95 – 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 – 78 денари за литар, дизел гориво 67,50 денари, масло за горење екстра...