Денска забава за помош на Виктор

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во организација  на Општина Прилеп,в сабота ( 01.02 2025)  12, оо часот ќе се одржи,  денска , хуманитарна забава за собирање средства за младиот 26 годишен прилепчанец, Виктор Николоски,  на платото кај Градскиот саат.

За забавата ќе се погрижи LockDown Band, а благодарение на Прилепска пиварница / Prilep Brewery ќе бидат поставени и штандови со освежителни пијалоци, додека покрај нив ќе има кутии за собирање на хуманитарни средства.

“Да покажеме уште еднаш колку Прилеп е хуман град! За Виктор! ”, објави Општина Прилеп  на својот FB профил.

Виктор Николоски е 26 семеен човек, кој по доаѓањето на неговиот син во свет открива дена има тумор во главата.Прилепчани, за 24 часа,  храбро, преку разни хуманитарни акции ги собраа потребните 73 илијади евра за негова операција во Турција. Но, акцијата продолжува за неговото понатамошно лекување.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Голем интерес за упис во средно стручно образование во Прилеп

Заврши првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваа електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а денеска и утре, потребната документација се доставува во училиштата каде учениците конкурирале.  Прелиминарно, најголем интерес има за медицинските струки. Радио Пела посети дел од средните стручни училишта...

Ристески: Младите се во фокусот на Оперативниот план за вработување 2026 та

Оперативниот план за вработување за 2026 година обезбедува речиси 40 милиони евра. Околу 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка. Младите и годинава се во фокусот со поддршка до 10 илјади евра за отворање на сопствени бизниси, можности за здружување и...

Шалтерски работник во прилепската болница од туѓа дебитна картичка украл над 90.000 денари

Шалтерски работник во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна картичка од друго лице и од неа за време од 4 месеци украл над 90 000 денари: