Македонија секогаш ќе го негува споменот на Тоше

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево градот каде со пригодна програма под наслов „Ангел си ти“ се одбележува  44. роденден на Тоше, на човекот кој со својата музика, љубов, добрина и хуманост го освои срцето на целиот Балкан.

„Денес, на 25 јануари, се сеќаваме на Тоше Проески, кој иако физички не е повеќе со нас, неговиот дух продолжува да живее во песните, спомените и љубовта што тој ги остави зад себе. Затоа  во чест и слава на Тоше, токму на овој ден сум во неговото родно Крушево, го посетив семејството и положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, а ја посетив и Спомен куќата подигната во негова чест“, рече министерот Љутков.

Љутков истакна дека „Нашата држава секогаш ќе ја негува почитта кон Тоше, што се потврдува и со фактот дека Владата, од Буџетот издвои средства и за поддршка на иницијативата на  Македонската радио-телевизија да снима игран филм, документарен филм и ТВ-серија во неколку продолженија за животот, делото и мисијата на нашата најголема музичка поп-ѕвезда“.

Според Љутков споменот на Тоше, кој ги обединуваше луѓето со својата музика продолжува да инспирира нови генерации, и преку неговите песни,  засекогаш  живее во нашите срца.

Инаку, денеска на пладне, во чест на Тоше, на Гумење во Крушево се одржа програма насловена „Ангел си ти,“ посветена на 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка икона Тоше Проески. Настапија младите пејачи Нела Манческа и Дорис Димовска, заедно со бендот „Лок даун,“  и беа изведени неговите најпознати песни. Настапи имаа и вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“ од Бугарија, предводени од Аделина Колева.

Програмата започна со традиционална крводарителска акција, која се одржува од 9 до 16 часот во Спомен домот. Во 11:15 часот, во времето кога Тоше се родил, беа положени цвеќиња од делегации и фанови на неговото вечно почивалиште во Крушево.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...